Гоца Тржан за борбата на првиот сопруг со енцефалитис: „Го врзаа со лисици и сакаа да го носат во установа“
- Детали
- петок, 15 март 2024
„Воспитана сум како личност што ги цени бракот и семејството. Но, Иван се разболе. Доби енцефалитис, односно воспаление на мозокот што беше толку морничаво“ – раскажа во една пригода Гоца Тржан. Прочитајте како изгледала неговата борба откако мозокот му бил нападнат од вирус.
Гоца Тржан во моментов е во среќен брак со вториот сопруг Раша Новаковиќ, но честопати знае отворено да зборува и за својот прв брак со Иван Маринковиќ и за тоа што се случувало.
Во една пригода таа раскажа за хоророт што го доживеале кога тој имал силно воспаление на мозокот познато и како енцефалитис.
Иван Маринковиќ, во изминатиот период беше актуелен затоа што учествува во реалното шоу „Задруга: Елита“, каде отворено призна дека пејачката го изневерила додека биле во брак, а пак пејачката има сосема поинаква приказна за тоа зошто нивниот брак не успеал.
Во една пригода таа отворено призна, дека воопшто не сакала да се омажи првиот пат и дека по само 4 или 5 месеци забавување со него дознала дека е бремена, па заради тоа одлучила да стапи во брак.
„Толку многу го посакував тоа дете што не забележав ниту еден од знаците покрај патот, а сите беа тука. Потоа се омажив и бев вљубена во тоа што сум мајка“ – рече таа.
Понатаму таа открива дека по раѓањето на ќерката Лена драстично ѝ се променил животот, па дури подоцна почнала да ги забележува знаците, но давала шанса затоа што потекнува од семејство во кое нејзините родители се долги години во брак.
„Воспитана сум како личност што ги цени бракот и семејството. Но, Иван се разболе. Доби енцефалитис, односно воспаление на мозокот што беше толку морничаво. Не можев да го извадам од дома и да го однесам на лекар, затоа што тој мене воопшто не ме слушаше, беше како рането животно.
Не зборуваше, не можев да објаснам што му се случува воопшто. Буквално како да си земал животно од шума и си го донел дома, а тоа се спротивставува и притоа има неверојатна сила“ – вели Гоца.
Пејачката раскажува дека тогаш морала да побара помош од кумот, затоа што не можела сама да се справи со него.
„На крајот викнавме и Брза помош. Луѓето не можеа да му извадат крв, колку се спротивставуваше. Се сомневаа дека има недостаток на шеќер во крвта, а затоа што ниту Брзата помош не можеше да го извади од дома, дојде и полиција, па со лисици и по гаќи го извадија од дома, подготвени да го водат во психијатриска установа“ – раскажува Гоца.
Таа вели дека благодарение на кумот, Иван сепак бил пренесен во болница каде било утврдено дека има енцефалитис и дека не е добро.
По ова тој бил пренесен на инфективно одделение и бил на апарати.
Инаку енцефалитисот најчесто настанува како последица на инфекција на мозокот од вирус.
Најчестите симптоми на енцефалитис се покачена телесна температура, главоболка, збунетост, конфузија, загуба на меморијата, дезориентираност, грчење на телото и неконтролирани движења.
Инаку Гоца и Иван беа во брак 4 години, а по разводот постојано се во лоши односи и меѓусебно се „препукуваат“.
Пејачката рече дека главна причина заради која се развеле била таа што тој е „неработник кој се коцкал и ја прокоцкал целата нејзина заштеда, се пропил, ја понижувал и во моментите кога бил пијан ѝ правел сцени“.
Прочитајте и Сакала само секс, му се смеела кога ѝ рекол дека е вљубен во неа – Како 14 години помладиот Раша ја освоил Гоца Тржан?
Б. С. Б. | Црнобело