Јелена Розга спектакуларна во Скопје, се расплака на концертот пред македонската публика
- Детали
- недела, 11 февруари 2024
„Кога за нешто сонувате долго, долго... ова од 2006-та ми беше сон и еве, сега сме тука заедно. Ви благодарам до небо што сте покрај мене сите овие години“, рече Јелена Розга, која одржа спектакуларен концерт пред македонската публика.
Хрватската ѕвезда Јелена Розга вчеравечер (10.02) одржа спектакуларен концерт во преполната арена „Борис Трајковски“, наречен „Минут срца мог“.
Скоро три часа таа пееше пред своите македонски фанови и направи вистински светски концерт.
„Не можам да ви опишам како се чувствував денеска, си мислев дека нема да можам да излезам на сцената.
Кога за нешто сонувате долго долго... од 2006-та ова ми беше сон и еве, сега сме тука заедно.
Ви благодарам до небо што сте покрај мене сите овие години. Јас ќе ви се заблагодарам како што знам најдобро, преку песната.
А вие плачете со мене ако ви се плаче“, рече таа на почетокот на концертот со насолзени очи.
Розга неколкупати се расплака и не ги криеше емоциите и возбудата поради љубовта што ја добива од македонската публика.
Таа концертот го подели во 3 дела.