Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел глас, сега едвај чекам да дојдам во Скопје“

„Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ реков да излезе и да пее наместо мене. Се слушнав неколкупати и со мајка ми, која ме смируваше. Имам прекрасни родители кои се грижат за мене, а мајка ми дури и плаче пред секој мој концерт. Не дојдоа, но беа покрај мене со духот“, вели Јелена Розга за CRNOBELO.com, која одржа концерт во Нови Сад и го најави настапот во Скопје.

jelena-rozga-za-crnobelo-mislev-deka-kje-se-srusham-od-ubavina-koga-publikata-ja-peeshe-ginem-na-cel-glas-sega-edvaj-chekam-da-dojdam-vo-skopje-01.jpg

Хрватската пејачка Јелена Розга повеќе од 25 години е меѓу омилените на балканската поп сцена. Секогаш насмеана, расположена, со некој посебен сјај во очите, Розга има мила ѕвезда која, едноставно ја плени публиката.

Нејзиниот шарм и позитивен дух не оставија никого рамнодушен ни на концертот што таа го одржа на 28 октомври во новосадската сала „Спенс“.

Повеќе од 2 и пол часа Јелена пееше и играше на штикли од 15cm, и не ја симнуваше насмевката од лицето, но и воодушевувањето од љубовта која ја доби од српската публика.

Аплаузи и овации по секоја песна, публика која пееше во еден глас заедно со неа, од првата до последната песна.

Атмосфера која не се опишува – едноставно, ќе ве крене и понесе, дури и да не сте нејзин фан.

jelena-rozga-za-crnobelo-mislev-deka-kje-se-srusham-od-ubavina-koga-publikata-ja-peeshe-ginem-na-cel-glas-sega-edvaj-chekam-da-dojdam-vo-skopje-11.jpg

А Јелена пееше сè – од најголемите хитови кои ги имаше во времето кога беше пејачката на групата „Магазин“, па сè до мегапопуларните песни од нејзината соло кариера.

Во салата одекнуваа „Гинем“, „Нирвана“, „Бижутерија“, „Минут срца твог“, „Ко минус и плус“, „Дани су без броја“, „Опијум“, „Ко ме зове“...

Трипати се преоблече, а кога фустанот среде песна ѝ се откопча, побара помош од екипата да ја закопчаат за да може да продолжи да пее.

Таа не престана да игра со танчарите, се врати и на бис, а на крајот, половина час по полноќ, имаше средба и со новинарите кои беа дојдени од Македонија, но и од Србија, и даде неколку интервјуа.

jelena-rozga-za-crnobelo-mislev-deka-kje-se-srusham-od-ubavina-koga-publikata-ja-peeshe-ginem-na-cel-glas-sega-edvaj-chekam-da-dojdam-vo-skopje-13.jpg

Во разговор за CRNOBELO.com, Јелена најпрво ги сподели своите впечатоци за концертот:

„Не можам да се соземам од ова што се случуваше тука вечерва. Мислам дека дури утре кога ќе станам, ќе си го вратам целиот филм во главата, па тогаш ќе ме обземат емоциите.

Знаеш, јас сум многу емотивна по природа и не можам да го скријам тоа. По мене се гледаше дека уживам како да ми е прв концерт“, изјави таа.

jelena-rozga-za-crnobelo-mislev-deka-kje-se-srusham-od-ubavina-koga-publikata-ja-peeshe-ginem-na-cel-glas-sega-edvaj-chekam-da-dojdam-vo-skopje-06.jpg

Кој Ви беше најемотивниот момент?

Кога цела арена почна да ја пее со мене ‘Гинем’ мислев дека ќе се срушам од убавина. Ми се насолзија очите.

Не се доживува секогаш таква љубов.

Еве, и во моментов додека го зборувам ова, ме обземаат емоции.

jelena-rozga-za-crnobelo-mislev-deka-kje-se-srusham-od-ubavina-koga-publikata-ja-peeshe-ginem-na-cel-glas-sega-edvaj-chekam-da-dojdam-vo-skopje-03.jpg

Долго време бевте пејачка на „Магазин“, а потоа направивте уште поуспешна соло кариера. Видовме дека публиката Ве обожава, а Вие веќе го најавивте и следниот концерт на турнејата, и тоа во Скопје, на 10 февруари 2024... Дали се овие концерти врвот на Вашата досегашна кариера?

Едвај чекам да дојдам во Скопје, да застанам пред македонската публика во „Борис Трајковски“ и да го оставам срцето пред неа, бидејќи знам кога изгледа секој мој настап кога пеам низ Македонија.

Уште од сега се радувам на мојот концерт во февруари и во таа голема сала, која ми е сон одамна.

Инаку, јас работите никогаш не ги правам половично. Ако еден ден почувствувам дека треба да излезам да пеам и дека тоа веќе не ме исполнува како порано, тогаш ќе го ставам микрофонот на страна и ќе прекинам.

Кога работам нешто, сакам да си ја дадам душата.

Пред да почнам да пеам, долги години бев балерина. Но, еден ден нешто се скрши во мене, не бев среќна, па ги обесив чевличките на страна.

И тогаш се појави Тончи Хуљиќ. А јас од дете сонував да бидам пејачка на „Магазин“, ги пеев на цел глас песните на Љиљана Николовска и ја имитирав.

Потоа,кога сфатив дека таму го дадов својот максимум, знаев дека е време да продолжам соло.

jelena-rozga-za-crnobelo-mislev-deka-kje-se-srusham-od-ubavina-koga-publikata-ja-peeshe-ginem-na-cel-glas-sega-edvaj-chekam-da-dojdam-vo-skopje-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg