Северина повторно го изгуби старателството над синот - Судот го врати детето кај Милан Поповиќ
- Детали
- вторник, 23 јануари 2024
„Судиите кренаа рака во име на детето што никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое 10 години трпи тортури“ – Северина е гневна откако Врховниот суд повторно ѝ го одзеде старателството. Таа порача дека ќе се бори до последната капка крв.
Северина повторно го загуби старателството над синот Александар (12). Хрватската пејачка ја загуби правната битка што ја водеше со поранешниот партнер и таткото на нејзиниот син - Милан Поповиќ.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, Врховниот суд во Хрватска донел одлука старателството над синот целосно да му припадне на таткото Милан Поповиќ, а одлуката е правосилна веднаш, без разлика дали пејачката ќе поднесе жалба.
Северина се огласи по повод одлуката на судот и рече дека планира и натаму да се бори за да го задржи правото да го гледа синот.
„Еве сега и врховните судии ми нанесоа болка. Кренаа рака во име на детето што никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое 10 години трпи тортури од општеството и јас заедно со него“ – рече таа, а пренесе Nacional.hr.
Таа рече дека до последна капка крв ќе се бори за своето дете, без кое беше 20 месеци.
„Нема да си играте со моето дете. Со кое право? Моето дете не е вреќа компири со која можете да тргувате“ – им порача пејачката на судиите.