Србинка, омажена за казахстански милионер: „Да завршев факултет, немаше да стигнам дотука“

Србинката Милица Полскаја редовно се фали со луксузниот живот, а сега рече дека не зажалила затоа што не завршила факултет. Наместо професија, вели дека избрала семејство.

srbinka-omazhena-za-kazahstanski-milioner-da-zavrshev-fakultet-nemashe-da-stignam-dotuka-01.jpg

Српската инфлуенсерка Милица Полскаја редовно се фали со луксузот во којшто живее откако се омажи за богат Казахстанец, а деновиве одговарајќи на прашања од следбениците, рече дека никогаш не зажалила затоа што не завршила факултет.

Милица Полсакаја во 2010-тата година учествуваше во изборот на Мис на Србија, а денес е сопруга на казахстански милионер со кого има 4 деца. Но, на социјалните мрежи привлекува внимание со луксузот во којшто живее и со своето извајано тело.

srbinka-omazhena-za-kazahstanski-milioner-da-zavrshev-fakultet-nemashe-da-stignam-dotuka-02.jpg

Речиси сите ги интересира како оваа девојка од Ниш, која студирала правен факултет и никогаш не го завршила, стасала од Србија во Казахстан, каде живее како сопруга на милионер.

Изминатите денови таа одговараше на прашања од следбениците на Инстаграм, а еден од нив ја прашал:

„Дали жалиш што не си завршила факултет? Јас го промашив, но го завршувам... Имаш ли некој совет?“

srbinka-omazhena-za-kazahstanski-milioner-da-zavrshev-fakultet-nemashe-da-stignam-dotuka-05.jpg

На ова, Милица даде сосема неочекуван одговор. Според неа, тоа што се откажала од високото образование ѝ помогнало да стаса денес таму каде што е во животот.

„Не жалам (што не завршив факултет). Да го завршев, сега немаше да бидам таму каде што сум. Денес ќе бев во Србија и ќе работев како адвокатка.

Завршениот факултет не е гаранција за добро вработување, а ниту за вработување по струка... Секако дека треба да завршите факултет ако сте во можност... Само што јас бирав меѓу факултетот и бракот. Избрав семејство“ – рече таа.

srbinka-omazhena-za-kazahstanski-milioner-da-zavrshev-fakultet-nemashe-da-stignam-dotuka-03.jpg

Инаку, Милица со сопругот и нивните 4 деца живее во Казахстан. Таа редовно ги чести своите следбеници со провокативни фотографии и споделува мигови од приватниот живот, а позната е и по тоа што речиси секогаш го крие лицето на сопругот.

Милица го запознала сопругот во Дубаи, додека таму работела како хостеса и модел.

srbinka-omazhena-za-kazahstanski-milioner-da-zavrshev-fakultet-nemashe-da-stignam-dotuka-06.jpg

Денес, таа на Инстаграм има над 340.000 следбеници.

Прочитајте и Го запознала сопругот милионер во Дубаи, на сите фотки го крие неговото лице - Која е богатата српска инфлуенсерка, Милица Полскаја?

Погледнете дел од нејзините фотографии:

srbinka-omazhena-za-kazahstanski-milioner-da-zavrshev-fakultet-nemashe-da-stignam-dotuka-07.jpg

srbinka-omazhena-za-kazahstanski-milioner-da-zavrshev-fakultet-nemashe-da-stignam-dotuka-08.jpg

srbinka-omazhena-za-kazahstanski-milioner-da-zavrshev-fakultet-nemashe-da-stignam-dotuka-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Стана славна со улогата на проститутка, сега е новинарка која го истражува атентатот врз Ѓинѓиќ - Ко... Почнала да глуми за да му се приближи на актерот во кој била вљубена, денес има ...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg