Го запознала сопругот милионер во Дубаи, на сите фотки го крие неговото лице - Која е богатата српска инфлуенсерка, Милица Полскаја?
- Детали
- недела, 15 октомври 2023
Од Мисица во Србија, до манекенка во Дубаи и сопруга на богат Казахстанец, чиешто лице го крие на сите заеднички фотографии. Што знаеме за српската инфлуенсерка Милица Полскаја, која привлекува внимание со „пластичниот“ изглед и раскошот во којшто живее?
Во 2010-тата година учествуваше за изборот Мис на Србија, а денес е сопруга на казхстански милионер, чиешто лице вешто го крие на социјалните мрежи. На социјалните мрежи привлекува внимание со своето извајано тело, а речиси никој не може да верува дека таа износила и родила 4 деца.
Милиса Полскаја е една од најпознатите и најбогатите Србинки на Инстаграм, која пораснала во Ниш како Милица Видосављевиќ.
Во 2010-та година победила на изборот за Мис на Србија, а набрзо потоа одлучила да се откаже од студиите на правниот факултет и да се пресели во Дубаи.
Таа прво работела како манекенка во Дубаи, а потоа и како менаџер во ноќен клуб, каде го запознала сопругот и одлучила со него да се пресели во Казахстан.
Таа денес живее заедно со сопругот и четирите деца Филип, Гоша, Лав и Софија, а привлекува внимание и со тоа што редовно го крие лицето на нејзиниот сопруг.
Дури и на заедничките фотографии, нејзиниот сопруг редовно има некој емотикон со кој му е скриено лицето.
Милица неодамна одговараше на прашањата на следбениците на Инстаграм за тоа дали некогаш ќе го покаже неговото лице, на што таа изјави:
„Сите вие знаете како тој изгледа. Јас не го покажувам заради работите што се врзани за Казахстан, а не за Србија“.
На Твитер беа објавени повеќе фотки на кои може да се види лицето на нејзиниот сопруг, па на многумина не им е јасно зошто таа го крие, кога се совршен пар.
https://twitter.com/bebi966/status/1197969998557384705
Инаку, Србинката не крие и не се срами да признае дека направила голем број естетски корекции, а во една пригода откри и дека дедо ѝ ѝ дал пари за да ги вгради првите силикони во градите.
„Што се однесува до моите гради, дедо ми ни остави одредена сума пари во банка мене и на сестра ми, што можевме да ги земеме кога ќе наполниме 18 години, а јас одлучив да ги потрошам на операција.
Така настана изјавата дека ‘дедо ми ми ги плати првите гради’“ – појасни таа во една пригода.
Инаку, Милица направила корекција на носот, усните и градите и тврди дека моментално е задоволна со својот „Барби“ изглед.