Не е Нејмар, но сепак е спортист – Кој е новиот дечко на Теодора Џехверовиќ?
- Детали
- четврток, 18 јануари 2024
Долго криеше кој е спортистот во кој е вљубена, но папараците ја „уловија“ со него. Кој е кошаркарот кој успеа да го освои срцето на Теодора Џехверовиќ и којшто се грижеше за неа додека таа закрепнуваше од операцијата на јајчниците?
Јасно е дека кошаркарите ѝ се слабост на српската пејачка Теодора Џехверовиќ. По раскинувањето со кошаркарот Нино Челебиќ, пејачката се фалеше дека добила порака од фудбалерот Нејмар, но српските папараци ја „уловија“ со друг спортист.
Иако Теодора напорно се трудеше во изминатиот период да скрие дека е вљубена и среќна, камерите на српската емисија Paparazzo Lov ја фатија заедно со словенскиот кошаркар Матиц Ребец, како заедно влегуваат во зградата каде што таа живее во Белград.
Во изминатиот период Теодора имаше операција на циста на јајчниците, а според српските медиуми, токму нејзиниот нов дечко редовно ја посетувал и се грижел за неа додека да закрепне.
Во текот на минатото лето, Теодора и Матиц редовно објавуваа фотографии од истите дестинации и заради тоа почнаа да кружат гласини дека тие двајца се во врска, но пејачката не коментираше и не даваше изјави за нејзината нова љубов.
Таа во една пригода објави фотка од голем букет со црвени рози, до кои напиша:
„Сè знаеш!“
За Матиц се знае дека игра за словенечкиот клуб Cedevita Olimpija и тој е доста активен на Инстаграм, каде редовно објавува фотки на кои го покажува своето извајано тело, но и тетоважите.
Тој е две години повозрасен од убавата српска пејачка, а според некои гласини парот веќе живее заедно.