Купишта ѓубре по улиците – Солун по дочекот на Нова година (видео)

На Инстаграм видео направено по дочекот на Нова година во Солун, се гледа дека улиците во центарот на градот се прекриени со ѓубре – летоци, пластични шишиња, чаши и кеси има насекаде.

prepolni-kontejneri-kupishta-gjubre-po-ulicite-kako-izgleda-solun-po-dochekot-na-nova-godina-video-01.jpg

Како скоро сите големи градови, и во Солун се организира прослава за дочек на Нова година.

И додека годинава прославата сигурно била забавна, она што локалците и туристите го оставиле зад себе не е најдобрата глетка.

На Инстаграм е споделено видео од Солун направено по дочекот на Нова година.

Еден инсерт од видеото е навечер, најверојатно откако прославата завршила, а едниот инсерт е направен наутро, веројатно на 1-ви јануари.

По улиците на Солун се гледаат купишта ѓубре – преполни контејнери, бројни празни шишиња, пластични ќеси, пластични чаши… Во еден кадар се гледа и автомобил врз кој им оставено чаши и друг отпад.

prepolni-kontejneri-kupishta-gjubre-po-ulicite-kako-izgleda-solun-po-dochekot-na-nova-godina-video-03.jpg

Во коментари, корисниците ги осудуваат оние кои славеле во Солун:

„Не само што луѓето се неверојатни и не им е гајле, туку истото важи и за комуналните служби. Во Беч после 1 часот по полноќ камионите почнуваат да го чистат градот“.

„Изгледа како комуналната служба да им штрајкува цел месец“.

„Изгледа како по нуклеарна катастрофа“.

„Ова сигурно не е направено од локалци, туку туристи кои отишле таму да слават. Изгледа немаат ни малку култура во себе…“

prepolni-kontejneri-kupishta-gjubre-po-ulicite-kako-izgleda-solun-po-dochekot-na-nova-godina-video-02.jpg

Сепак, една жена која наводно била во Солун, вели дека оваа глетка е сосема нормална.

„На огромен број луѓе кои почнаа да слават од утринските часови на 31-ви декември, па сè до после полноќ, нормално е да има ваков неред. Улиците беа преполни, се играше и пееше, се пиеше и јадеше.

Сообраќајот едвај се пробиваше низ улиците кои беа преполни. Околу 9-10 часот наутро, сè беше спакувано во кеси и кутии и однесено во депонија, а не во морето“.

Погледнете го видеото:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сезоната на бањање во Грција е отворена - Македонци и Срби го преполнија Солун (фото+видео) Внуката на Дац, Гаиа, заедно со родителите Јаков и Софија, уживаше во игрите на ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Огњен Амиџиќ тајно се венча со 20 години помладата девојка: „Сакав Мина да го носи моето презиме“ „Сакавме венчавката да биде без врева и тој чин да остане само за нас. Ние веќе ...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg