„Северина била кај егзорцист за да го истераат злото од неа“ - Нови тврдења на Милан Поповиќ против мајката на неговиот син
- Детали
- петок, 29 декември 2023
„Ритуалот на егзорцизмот што е правен е ист како оној што ни е познат од хорор филмовите, со читање молитви за протерување на злото, присуство на сведоци, блуење кал…“ - поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ, изнесе нови детали за пејачката. Тврди дека таа морала да оди на ритуал за егзорцизам заради проблемите со менталното здравје.
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ неодамна даде обемно интервју за магазинот Gloria, каде прокоментира и за односот со нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ, со кого го доби синот Александар.
На прашањето дали лесно им простува на луѓето што ја повредиле, Северина накратко рече:
„Луѓето се делат на оние што судат, оние што премеруваат и оние што простуваат. Важно е да не бидете во првите два збира.
Им простувам на сите, па и на таткото на мојот син.
Неодамна дури и му испратив порака дека сум на располагање да седнеме и да разговараме, на што тој ми врати со голем број вообичаени навреди.
Меѓутоа да простиш е едно, а друго е да се откажеш од правдата“.
По ова се огласи и Милан, кој во изјава за српските медиуми тврди дека Северина никогаш не го побарала за да разговараат.
Тој тврди дека нивната комуникација се одвива само преку адвокати, а повторно изнесе шокантни тврдења за неа и за нејзината психичка состојба.
Како што вели, пејачката била на ритуал за егзорцизам во Ново Место што, според него, е само уште еден показател за нејзините сериозни проблеми со менталното здравје.
„Никогаш не сум ја навредил Северина, исто како што таа никогаш не ми предложила да разговараме, нејзиниот начин на комуникација е само преку тужби преку суд!
Под навредите за коишто зборува, таа мисли на моето прашање зошто во судот не пријавила дека била кај егзорцист во Ново Место, каде што ѝ бил правен егзорцизам, затоа што тој ритуал што се прави подразбира дека личноста е психички растроена.
Ритуалот на егзорцизмот што е правен е ист како оној што ни е познат од хорор филмовите, со читање молитви за протерување на злото, присуство на сведоци, блуење кал... Нормално дека јас како родител се загрижив“ – вели Милан во изјава за српските медиуми.
Поповиќ неодамна рече дека Северина има неверојатен талент да ги шармира луѓето и затоа лесно сите паѓаат на тој шарм.
Прочитајте и Милан Поповиќ со нови детали за Северина: „Не ми пречеше порно снимката, доцна сфатив дека таа има проблеми со менталното здравје“
Б. С. Б. | Црнобело