Милан Поповиќ, бившиот на Северина, чека петто дете - за 28 години помладата сопруга има само пофални зборови

„Таа е од добро семејство, згодна е, образована, млада, остроумна, снаодлива и секогаш подготвена на шега. Со неа нема расправии ниту кога е бремена“. Со овие зборови, бившиот партнер на Северина, Милан Поповиќ ја величи својата 28 години помлада сопруга, која е бремена по четврти пат, само 10 месеци откако се породи со третото дете.

bivshiot-na-severina-cheka-petto-dete-28-godini-pomladata-sopruga-e-bremena-10-meseci-otkako-na-svet-donese-kjerka-01.jpg

Бившиот партнер на Северина, Милан Поповиќ (57) го чека своето петто дете. Неговата сопруга Бојана (29) е бремена по четврти пат, само 10 месеци откако се породи со ќерката Софија.

Како што пренесуваат српските медиуми, кралот на бакарот, повторно чека син, а неговата сопруга е во 4-тиот месец од бременоста.

bivshiot-na-severina-cheka-petto-dete-28-godini-pomladata-sopruga-e-bremena-10-meseci-otkako-na-svet-donese-kjerka-06.jpegФото: Принтскрин

За потсетување, тој од врската со Северина го доби синот Александар, а со сопругата Бојана има два сина Милан и Ѓорѓе, како и ќерката Софија, која се роди во октомври, минатата година.

bivshiot-na-severina-cheka-petto-dete-28-godini-pomladata-sopruga-e-bremena-10-meseci-otkako-na-svet-donese-kjerka-04.jpg

Инаку, Милан кој во изминатите неколку години постојано дава интервјуа во кои се обидува да ја оцрни и да ја критикува својата поранешна партнерка Северина, не штеди на пофалните зборови кога станува збор за неговата сопруга.

bivshiot-na-severina-cheka-petto-dete-28-godini-pomladata-sopruga-e-bremena-10-meseci-otkako-na-svet-donese-kjerka-03.jpg

Досега повеќепати дал интервјуа во кои се обидел да ја прикаже Северина како лоша и неодговорна мајка, а во една пригода дури рече дека се сомнева и дека таа е зависничка од опојни супстанции.

Неговата сопруга, Бојана, за разлика од Северина, не сака воопшто да се експонира во јавноста. Таа доаѓа од угледно белградско семејство и студирала маркетинг.

„Се запознавме во Белград. Бојана студираше маркетинг, таа е од добро семејство, згодна е, образована, млада, остроумна, снаодлива и секогаш подготвена на шега.

Со неа нема расправии ниту кога е бремена, иако тогаш жените знаат да бидат мошне каприциозни. Таа е мила, прекрасна мајка, што ми е мошне важно“ – изјави тој во една пригода.

bivshiot-na-severina-cheka-petto-dete-28-godini-pomladata-sopruga-e-bremena-10-meseci-otkako-na-svet-donese-kjerka-05.jpg

Доказ дека Бојана сака да го живее животот подалеку од очите на јавноста е и тоа што таа воопшто не е присутна на социјалните мрежи, а нејзини фотографии во медиумите речиси и да нема.

Исто така, јавноста не знае ниту кое е нејзиното презиме, а за неа се знае само она што Милан сака да се дознае.

Прочитајте и Бившиот на Северина со шокантни откритија: „3 месеци бегав од нејзините хистерии, мислам дека е зависничка“ (видео)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Северина емотивна за 13-тиот роденден на синот: „Имам среќа да живеам со прекрасно дете“ „13 години имам голема среќа да живеам со прекрасно дете, сега веќе – момче. Пам...
Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Бившиот ја преболи Северина (52): Игор Којиќ (37) ненадејно се ожени за 15 години помлада девојка Северина и Игор Којиќ беа 6 години во брак, а во тој период парот беше лудо вљуб...
Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми пр... „Моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа. Единственото нешто шт...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg