Милан Поповиќ со нови детали за Северина: „Не ми пречеше порно снимката, доцна сфатив дека таа има проблеми со менталното здравје“

„Ја заведов Северина за 5 минути, знаев дека имаше домашно видео и тоа не ми пречеше, а признавам дека бев вљубен во медиумската Северина, но не и во онаа вистинската“ – поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ повторно сподели интимни детали од животот со пејачката.

milan-popovikj-so-novi-detali-za-severina-znaev-deka-ima-porno-snimka-i-ne-mi-precheshe-docna-sfativ-deka-taa-treba-da-se-lekuva-01.jpg

Поранешниот партнер на Северина Вучковиќ (50), Милан Поповиќ (56) гостуваше во една српска емисија каде повторно говореше за неговиот однос со неа.

„Кралот на бакарот“, како што го нарекуваат во српските медиуми, неодамна доби четврто дете и по 3 сина, овојпат доби ќерка, а според српските медиуми девојчето го добило името Софија.

https://www.instagram.com/p/CgonmzpDFlO/?utm_source=ig_web_copy_link

Во емисијата Sceniranje на телевизија Курир, Милан прокоментира за тоа како се запознал со познатата хрватска пејачка, што мисли за нејзиното интимно видео што се појави во јавност и ги прокоментира тврдењата на сестрата на Северина, дека пејачката користи опојни супстанци.

Тој вели дека бил на брод во Будва и на телефон разговарал со некоја друга хрватска пејачка, а тогашната девојка му дала облог да успее да ја заведе Северина за 5 минути, па како што вели, откако таа гостувала на прославата на неговиот роденден, тоа се случило.

milan-popovikj-so-novi-detali-za-severina-znaev-deka-ima-porno-snimka-i-ne-mi-precheshe-docna-sfativ-deka-taa-treba-da-se-lekuva-05.jpg

Во однос на интимното видео што беше објавено од Северина на почетокот на 2000-тите години, нејзиниот поранешен партнер вели:

„Имав два клуба во Москва и еден во Мајами и заради тоа сум запознал многу жени, што и натаму ги познавам и секоја од нив има по некое домашно видео.

Единствената разлика е тоа што ова излезе во јавност, а останатите не.

Знаев за снимката на Северина, ја гледав како и сите останати, само не се сеќавам каде. Тоа според мене не е мана, тврдам дека секоја девојка има по некое домашно видео“ – рече тој.

milan-popovikj-so-novi-detali-za-severina-znaev-deka-ima-porno-snimka-i-ne-mi-precheshe-docna-sfativ-deka-taa-treba-da-se-lekuva-02.jpg

Поповиќ за првпат јавно призна дека ја сакал пејачката, а рече дека во периодот кога биле заедно тој финансиски ја издржувал.

„Ја сакав медиумската Северина, но не и онаа вистинската. За мене беше прифатливо и нормално јас да плаќам за сѐ. Но, никогаш не размислував дека тоа е трошок сѐ додека ни беше убаво.

Потоа почнаа нејасните промени во емоциите. Од плачење, кукање, до еуфории. Немам право да обвинам некого дека е болен, но сега кога имаме дете, многу ми е важно таа да е стабилна. Таа треба да се лекува“ – рече тој.

milan-popovikj-so-novi-detali-za-severina-znaev-deka-ima-porno-snimka-i-ne-mi-precheshe-docna-sfativ-deka-taa-treba-da-se-lekuva-04.jpg

На прашањето дали Северина е зависничка од опојни супстанци, тој не сакаше да даде конкретен одговор и напомена дека тие тврдења ги дала нејзината сестра.

„Маријана тврди дека Северина се дрогира. Јас тој податок го пренесов во Центарот за социјална работа и барав од вештаците да направат анализи. Јас мислам дека таа има гранично пореметување на личноста. Постојат трауми што таа ги преживеала и што може да доведат до такво пореметување.

Ова не се лекува, но може да се третира. Јас знам дека таа оди на терапии. Кога таа беше на психијатар, доби 3 дијагнози, но кога бевме на суд, таа за тоа не сакаше да зборува. Таа бараше од психијатарот да ги искине тие докази“ – рече Милан.

milan-popovikj-so-novi-detali-za-severina-znaev-deka-ima-porno-snimka-i-ne-mi-precheshe-docna-sfativ-deka-taa-treba-da-se-lekuva-03.jpg

Прочитајте и Прво интервју на Игор Којиќ по разводот со Северина: „Еве јавно ги канам Северина и Милан на мојот нареден роденден“

Погледнете го видеото од целосното гостување на Поповиќ во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
„Била 5 месеци во кома откако ме родила“ – Северина сподели видео од фотосесија со мајка ѝ „Пет месеци била во кома откако се породила со мене, но вели дека вредело“ – нап...
„Вештаците треба да утврдат дали користи дроги“ - Зошто Милан Поповиќ ѝ го одзеде синот на Северина? „Северина не го остави само еднаш детето без надзор, па да ѝ се прогледа низ прс...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Ведрана Рудан саркастично за Северина: „Навлекла бабата панталони и се дрзнала да се однесува како м... „Северина не разбира дека ние што ги добивме децата кога ги оде*авме сопрузите н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg