По 5 неуспешни ин витра, Гоца Тржан не ја отфрла можноста за сурогат: „Порано не се плаќало, сестра на сестра ѝ раѓала дете“
- Детали
- среда, 27 декември 2023
„Ако постои можност за сурогат, на оваа возраст со задоволство би ја искористила. Во некои далечни времиња, кога жената не можела да роди, таа се договарала со сестра си, за сестрата да ѝ го роди детето. Тоа се правело од срце“, изјави Гоца Тржан, откако изминатите години неуспешно се обидува да забремени.
Српската пејачка Гоца Тржан, која изминативе години имаше 5 неуспешни обиди да забремени со ин витро, во своето ново интервју откри дека не ја отфрла можноста да проба да добие бебе преку сурогат.
Таа за ова зборуваше само неколку дена откако Марија Шерифовиќ откри дека станала мајка со помош на сурогат.
„Ако постои можност, сега на оваа возраст со задоволство би ја искористила. Сурогат мајчинството постои во многу земји.
Во Америка постои со години, и сурогат мајката, но и таа што плаќа за сурогат мајчинството мора да бидат правно заштитени.
Да разјасниме, да бидеме реални, некогаш одамна, во некои далечни времиња, кога жената не можела да роди, таа се договарала со сестра си, за сестрата да ѝ го роди детето. Ова се случувало многупати во историјата, да, постоело такво нешто и не се плаќало. Порано се правело од срце, а сега се плаќа и толку“, вели Гоца.
Таа во интервјуто зборуваше и за својата ќерка Лена, која ја има од првиот брак со Иван Маринковиќ.
Гоца истакна дека е многу среќна што нејзиното дете е паметно, но и дека не сака да се експонира.
„Убава е, фала Богу. Добро, знаете дека денес убавината може лесно да се среди, но, паметна е, а тоа е најважно.
Не сака да се појавува во медиумите и ретко кога доаѓа со мене на некој настан, освен кога станува збор за личност што ѝ е драга на неа“, додава Тржан.
За потсетување, Гоца која е во брак со тапанарот Раша Новаковиќ, честопати јавно зборуваше за својата желба да добие уште едно дете, но и за петте неуспешни обиди за ин витро, кои ги правеше на клиника во Прага.
Пејачката откри и дека не може да посвои дете бидејќи ја надминала законската старосна граница до која луѓето можат да посвојуваат.
Таа не криеше дека е разочарана што не успева да забремени, па во една од своите изјави дури и рече дека ѝ е криво што не може да му роди дете на сопругот и дека не би му се налутила ако ја остави поради тоа, особено што тој сака да има деца.
Прочитајте и Гоца Тржан по петтиот неуспешен обид за ин витро: „Не ни дозволуваат да посвоиме дете затоа што имам 48 години“
А. Ј. | Црнобело