Сите детали за патот до мајчинство на Марија Шерифовиќ: Детето се родило во САД, името на таткото не смее да го открие
Марија го криеше процесот за зачнување на бебето во најголема тајност, а за тоа знаеја само нејзините најблиски.
Нејзината мајка Верица, пак, вели дека во моментов е во САД и дека е најсреќна жена на светот.
„Ми се роди внуче! Само сакам сите да знаат колку сум горда“ – рече таа.
Марија, пак, по големиот број честитки, во Инстаграм Стори објави благодарност до сите оние што ја поддржале и што знаеле за нејзиниот тежок пат, но ја чувале нејзината тајна.
„Малку останав без текст...
За првпат во животот.
Ви благодарам на сите што ја делите радоста со мене!
Гледам дека сите сте шокирани, затекнати и не ви се верува... Тоа докажува само едно.
Имам пријатели што вредат злато!
Ви благодарам што бевте тука од првиот ден. Ви благодарам што ме поддржавте во секоја моја одлука. Ви благодарам што ме туркавте напред и тогаш кога и самата на миг застанав. Ви благодарам што ја чувавте оваа тајна!
Ова нема да ви го заборавам никогаш.
Многупати сум рекла, но ќе повторам и сега... Под моите крилја за вас секогаш ќе има место и сè додека одам, стојам и постојам, сè што е мое е и ваше!“
Б. С. Б. | Црнобело