Нихан од „Карасевда“ и 11 години постариот сопруг се највљубениот пар во Турција: Сите велат дека ја изневерува, а тој за неа е маж од соништата
- Детали
- недела, 26 ноември 2023
На неколку месеци се појавуваат фотки на социјалните мрежи како турскиот актер танцува со други жени, а неговата сопруга тврди дека му верува и дека тие му се само другарки. Актерката која стана позната со улогата на Нихан во „Карасевда“ и нејзиниот сопруг се омилен пар во Турција и воопшто не обрнуваат внимание на гласините за нив.
Турската актерка Неслихан Атаѓул (31) на македонската публика ѝ стана најпозната по улогата на Нихан во серијата „Карасевда“.
Таа е во брак со турскиот актер Кадир Доуглу (41), а голем број од турските медиуми шпекулираа дека на среќната љубовна приказна ѝ дошол крајот.
Неслихан и Кадир се во брак од 2016-та година и важат за еден од омилените турски парови, но многу често во таблоидите се појавуваат натписи и фотографии според кои 11 години повозрасниот Кадир постојано ја изневерува својата сопруга.
Пред извесен период на социјалните мрежи се појавија фотки на кои се гледа како актерот танцува со друга девојка.
Ова беше само една од аферите што беше објавена, на што Неслихан веднаш одговори и рече дека има целосна доверба во нејзиниот сопруг и дека тој има право да избере со кого сака да се дружи и да се забавува.
Само еден ден откако се појавија фотографиите, Кадир се огласи во турските медиуми и рече дека ѝ признал на сопругата дека ја изневерил:
„Види жено, те изневерив“ – ѝ рекол Кадир на Неслихан и заедно се смееле на пишувањата во медиумите.
Според некои таблоиди, Кадир ја изневерувал својата сопруга со жена чиешто име почнува на буквата „С“ и е многу позната во уметничките и спортските кругови во Турција.
Оттука, многумина пишуваа дека најверојатно актерот имал афера со Сезер Чакр, поранешната сопруга на фудбалерот и фудбалски тренер Октај Дерелиоглу.
Но, и на овие гласини брзо им дојде крајот откако Сезер објави долга објава на Инстаграм и рече дека таа и Кадир се само пријатели, па најави тужби за сите што ќе продолжат да изнесуваат невистини.
За потсетување, Неслихан и Кадир се запознале во 2013-та година, а тврдат дека се вљубиле еден во друг на прв поглед.
Тие се свршија во 2015-та година, а во 2016-та направија свадба на која присуствуваа околу 200 гости.
Инаку, доказ дека Неслихан не верува во гласините за неверства се и честите фотки што таа ги објавува со сопругот на социјалните мрежи, како и големиот број коментари што тие двајца си ги оставаат еден за друг.