Анастасија Ражнатовиќ со досега необјавени фотки му го честита роденденот на сопругот: „Те сака твојата сопруга“
- Детали
- четврток, 16 ноември 2023
„Те сака твојата жена засекогаш и најмногу“ – му порача Анастасија Ражнатовиќ на својот сопруг Немања Гудељ, кој го прослави 32-иот роденден. Пејачката сподели досега необјавени фотки, со кои покажа дека парот ужива во љубовта и во заедничкиот живот.
Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, на својот сопруг Немања Гудељ му го честита роденденот со фотки што јавноста за првпат имаше можност да ги види.
Нивните обожаватели имаа можност да видат одблиску како изгледаат бурмите што парот ги носи, но и да погледнат неколку видеа од нивните патувања ова лето.
Фотографии на кои се бакнуваат, на кои таа му седи во скут и на кои разменуваат нежности.
Сѐ на сѐ, Анастасија успеала да собере некои од најубавите мигови во нивниот живот, што досега јавноста немала можност да ги види.
Анастасија покажа дека парот е навистина вљубен и ужива во заедничкиот живот.
За да ги видите видеата, кликнете на стрелките во објавата.
До објавата, таа кратко напиша:
„Среќен роденден љубов моја. Те сака твојата жена засекогаш и најмногу“.
Инаку, Немања го прослави 32-иот роденден, а тој и Анастасија се заедно повеќе од една година.
Тие стапија во брак во август годинава, а пред еден месец, Немања со романтичен гест ѝ ја честита годишнината од врска на својата сакана.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело