Исповед на Николија Јовановиќ за загубата на првото бебе и тешката бременост со втората ќерка: „Беше болно, никој не знае низ што минував“
- Детали
- понеделник, 13 ноември 2023
Го загуби првото бебе, а и во третата бременост Николија Јовановиќ се соочила со проблеми. Таа за првпат откри со какви стравови се соочила и какво било чувството кога лекарот ѝ рекол: „50-50 се шансите дека бебето ќе преживее…“
Ќерката на Весна Змијанац, Николија Јовановиќ, беше гостинка во емисијата „Балканском улицом“, каде за првпат отворено зборуваше за загубата на првото бебе со Реља Поповиќ, но и за проблемите со коишто се соочила во следните две бремености.
Многумина се сеќаваат дека Николија набрзо откако ја започна врската со Реља Поповиќ остана бремена, но за жал, тоа бебе го загуби во третиот месец од бременоста, по што мораше да оди на киретажа.
Во истиот тој период таа беше на удар од публиката која беше гневна затоа што Реља одлучи да започне своја соло кариера и истовремено се распадна групата „Елитни одреди“, во која беше заедно со Влада Матовиќ.
Николија вели дека таа го претрпела најголемиот удар во тој период и целиот гнев на публиката бил насочен кон неа, затоа што многумина велеа дека таа е виновна за распаѓањето на бендот.
„Сега тоа ми е смешно, но во еден миг не ми беше смешно, затоа што кога тие се распаѓаа, јас забременив за првпат и го загубивме првото дете.
Новинарите ми се јавуваа да им дадам изјава, па ми пренесуваа како некој обожавател рекол дека ќе ми ја искорне утробата заради ’Елитни одреди‘ и тоа траеше неколку месеци“ – раскажува Николија.
Таа уште еднаш нагласи дека немала никаква врска со распаѓањето на првата група на нејзиниот партнер, но вели дека тоа бил мошне болен период и не сака да размислува за тоа.
Денес Николија и Реља имаат две ќерки, но како што вели, третата бременост воопшто не поминала без проблеми.
„За другите две бремености, успеав целосно да се изолирам, од родителите, од брат ми, сестра ми, тетка ми, од кој било што би можел да ми даде некаков лош коментар, но овој пат за среќа немаше такво нешто“ – вели Николија.
Пејачката вели дека по болната загуба на првото бебе, дала сè од себе за да ги зачува своите две други бебиња, но со третата бременост повторно се соочила со проблеми.
„Многу сакавме уште едно дете, за Реа да има брат или сестра. Јас многу водев сметка, па во двете бремености веднаш ги откажав сите настапи. Значи седев дома и одеднаш кога отидов на контрола во 20-тата недела, значи на половина пат, лекарот ми рече: ’Деца, имаме проблем – шансите се 50-50 дека бебето ќе опстане и прашање е дали и утре уште ќе биде тука‘.
По ова морав да одам на итен серклаж, ми направија репозиција, и веќе беше започнат спонтаниот абортус, заради што морав да лежам до крај на бременоста“ – вели таа.
Инаку, ова е првпат Николија отворено да зборува за овој мошне тежок период во нејзиниот живот, а како што вели, додека на сите им кажувала како сè е во ред, таа во себе ја криела целата болка и стрес, што воедно ја променило како личност.
Прочитајте и Пред Реља била во врска со кошаркар од Нигерија, си го смени личниот опис со операции – Животната приказна на Николија Јовановиќ
Б. С. Б. | Црнобело