Не веруваат во брак, го загубиле првото дете – Љубовната приказна на Николија и Реља

Кога го запознала мислела дека е мошне вообразен. Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ важат за еден од најскладните парови на српската естрада. Имаат две ќерки, а велат дека за љубов не им треба документ, туку страст, почит, разбирање. Факти за познатиот српски пар.

ne-veruvaat-vo-brak-go-zagubile-prvoto-dete-ljubovnata-prikazna-na-nikolija-i-relja-01.jpg

Во ноември минатата година во голем број од српските медиуми излегоа написи дека Реља Поповиќ (32) е фатен на дело како се бакнува со некоја русокоса и ја изневерува партнерката, а потоа се покажа дека всушност тоа е Николија Јовановиќ (32) која ја променила бојата на косата.

Реља и Николија се заедно од 2014-тата година. Честопати во медиумите се пишувало дека тие веќе закажале датум за свадба, дека во секој миг ќе го кажат судбоносното „Да“ но тоа досега не се случило.

Во продолжение проследете неколку интересни факти за нивната врска што можеби не сте ги знаеле:

Николија е ќерка на познатата српска пејачка Весна Змијанац и Влада Јовановиќ, a Реља е син на познатата српска балерина Зоја Беголи и спортскиот новинар Срѓан Поповиќ.

Пред да биде во врска со Реља, Николија додека студирала во Грција, била во врска со Атанасиос Адетокунбо, грчки кошаркар кој играл за развојната лига на НБА и кој бил 3 години помлад од неа.

Наводно по 2 години врска раскинале затоа што тој сакал да се преселат заедно во САД, а таа сакала да се врати во Србија.

Николија и Реља се запознале во 2014-тата година на снимањето на видео-спотот за песната „Алкохола Литар“, додека тој сè уште беше дел од „Елитни одреди“. Како што кажа Николија во една прилика тие вложиле многу труд и работа во изградбата на нивниот заеднички однос.

Во една прилика Николија раскажа како ја запознала мајка ѝ со нејзиниот партнер и воопшто не била пријатна ситуацијата. Николија и Весна биле заедно во студиото на преслушување на песната „Алкохола Литар“, а мајка ѝ му рекла на Реља:

„Леле, па ти си навистина прекрасно и добро момче. Воопшто не си вообразен, како што ми кажа Николија“.

На почетокот на 2015-та година во јавноста се дозна дека Николија е бремена, но имаше пишувања во весниците дека бебето не е на Реља. Кога Николија го загуби бебето во третиот месец од бременоста, нејзината мајка Весна ги обвини медиумите дека со лажните написи придонеле за трагедијата.

На почетокот на 2016-та година Николија повторно остана бремена и во септември ја роди ќеркичката Реа, а во јули 2021-вата година добија уште една ќерка чие име не го соопштуваат во јавноста.

Николија во една прилика изјави дека воопшто не им е лесен заедничкиот живот затоа што тие се двајца музичари што работат на естрадата.

„Навистина не знам како би функционирала нашата врска да работев јас од 9 до 5 или до 8, како што е вообичаено или тој да не е тука за викендите. Имаме и тешкотии, како на пример, кога во недела ќе се вратиме уморни од патување.

Наместо да го дочека сопругата да го распакува и да му подготви вечера, ние и двајцата сме нервозни со куферите и бегаме еден од друг“ – призна таа.

Во ноември во голем број српски медиуми одекна информација дека Реља бил фатен како се бакнува со русокоса девојка, а потоа се покажа дека тоа била Николија која ја променила бојата на косата.

„Мошне сум мирна и имам доверба во него. Тој ме прави мирна и спокојна. Немам потреба да бидам љубоморна“ – рече таа во една прилика и додаде дека Реља пак воопшто и нема причина да биде љубоморен затоа што знае дека дури 75 отсто од нејзините следбеници на Инстаграм се жени.

Иако се заедно речиси 7 години и имаат две деца, тие велат дека не веруваат во бракот и дека тоа за нив е само парче хартија.

„Мислам дека за љубов не е потребен документ, туку договор, разбирање, почит, искреност, недвосмисленост, страст, слобода и мир“ – изјави Реља во минатото.

Прочитајте и Ги изгубил двајцата родители, на 17 години бил застрелан – Факти за Реља Поповиќ (32), ѕвездата од „Беса“ и „Елитни Одреди“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
Врска со Милена Радуловиќ, докторка му роди ќерка – Бурниот љубовен живот на актерот Радован Вујовиќ За Радован Вујовиќ велат дека е голем заводник кој беше во врска со три познати ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми пр... „Моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа. Единственото нешто шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg