Ги изгубил двајцата родители, на 17 години бил застрелан – Факти за Реља Поповиќ (32), ѕвездата од „Беса“ и „Елитни Одреди“
- Детали
- недела, 02 јануари 2022
На година и пол го загубил таткото. Во српските медиуми имало големи шпекулации за тоа кој навистина е негов татко, а на 17-годишна возраст бил застрелан во вооружена престрелка и одвај останал жив. Факти за Реља Поповиќ, кој моментално е актуелен по улогата во српската серија Беса.
Реља Поповиќ (32) е српски пејач и актер кој привлече внимание во последно време со улогата на десна рака на Лука (Милан Мариќ) во серијата Besa 2.
Тој е познат како рап-музичар, сопруг на ќерката на Весна Змијанац, Николија, а во минатото имал и други филмски улоги.
Реља во последно време беше актуелен и со жешките секс-сцени во серијата Besa што ги одигра со македонската актерка Камка Тоциновски за кои самиот изјави дека добивал и закани на социјалните мрежи, но што друго знаеме за Србинот што ги освои срцата на балканската публика?
Реља е познат по тоа што својот приватен живот го чува подалеку од очите на јавноста, но, неговиот живот воопшто не бил лесен.
Во продолжение проследете неколку интересни факти за Реља што можеби не сте ги знаеле:
Реља Поповиќ е роден во 1989-та година во Белград. Кога имал само 1,5 година, во 1991-та година неговиот татко, спортскиот новинар Срѓан Поповиќ починал.
„Мама ми раскажуваше дека на некои од погребите, кога на некој наш другар му починал таткото сум ја прашал: ’Кому му е потешко?‘ На тој наш другар што го загубил таткото на 15 години или мене, што го загубив татко ми на година и пол.
Многу е тешко да се даде одговор на тоа прашање. Секако дека посакувам да можев да го запомнам мојот татко, тоа е сигурно една рана што ја носам цел живот“ – рече Реља во гостувањето во емисијата Balkanskom ulicom, а пренесува Glossy.
Во српските медиуми доста се шпекулираше за потеклото на Реља, па имаше дури и пишувања дека се обидува да го скрие сопствениот идентитет.
Сите пишувања почнуваат од фактот што неговата мајка примабалерината Зоја Беголи пред да го добие Реља била во брак со големиот актер со албанско потекло Фарук Беголи, а толку многу го сакала што и по разводот го задржала неговото презиме.
Но, Реља тврди дека Срѓан бил негов татко и затоа го носи неговото презиме.
Пред да го заврши средното образование Реља бил погоден во престрелка и лекарите тогаш едвај го спасиле. Тој загубил еден бубрег и слезина, но за среќа останал жив.
Реља откако завршил факултет за медиуми и комуникација одлучил да го продолжи образованието, па се запишал и на Факултетот за драмски уметности. Тој досега, освен во Besa играл и во повеќе други српски филмови како Parada, Dremano oko, Obični ljudi и други.
Во 2016-тата година Реља за првпат стана татко кога ја доби ќерката Реа со ќерката на Весна Змијанац, Николија.
Трагедиите во животот на Реља продолжуваат и понатаму кога во 2017-та година по долго и тешко боледување починала и неговата мајка Зоја Беголи.
Реља и Николија се запознале на снимањето на спотот за песната Alkohola litar во 2014-та година и иако сè уште не се формално во брак уживаат во заедничкиот живот, па годинава ја добија и втората ќерка, чие име не е познато.
Иако во моментов е мошне популарен како актер, Реља пред сè е најпознат како музичар. Во периодот од 2005 до 2015-та година заедно со другарот од детството Владо Матовиќ беа дел од дуото Elitni odredi, а по големиот број хитови, концерти и турнеи одлучиле да почнат со соло кариери.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





