Милош Биковиќ потврди дека се свршил со бремената девојка – Убавата Ивана го покажа прстенот
- Детали
- понеделник, 06 ноември 2023
„Да, се свршивме уште летоска“ – призна Милош Биковиќ. Актерот и неговата девојка биле свршени веќе неколку месеци, а следбениците дури сега сфаќаат дека Ивана неколку месеци гордо позирала со свршеничкиот прстен.
Српскиот актер Милош Биковиќ веќе подолго време е во врска со неговата девојка Ивана Малиќ, а откако се дозна дека таа е бремена многумина даваат претпоставки кога ќе биде свадбата и кога актерот планира да стапи во брак.
Но, Милош успеа уште еднаш да ги изненади сите со тоа колку е решен својот приватен живот да го чува подалеку од очите на јавноста и да не дозволи неговите приватни мигови да излезат во јавност.
Ивана на Инстаграм сподели неколку нови фотографии на кои позира во кафеав плетен фустан и бел капут, а на сите најмногу им привлече внимание фотката на која таа позира со телефонот пред огледалото и на која се гледа свршеничкиот прстен.
Како што може да се забележи, Милош не штедел на свршеничкиот прстен за неговата сакана, а тој самиот ги потврди убавите вести за српските медиуми.
„Да, точно е. Се свршивме уште летоска“ – изјави Милош за Blic.rs.
Со ова актерот потврди дека не само што долго време успевале да ги скријат вестите за тоа дека наскоро ќе станат родители, туку успеале да скријат од јавноста и за свршувачката.
Инаку, дел од српските медиуми повикувајќи се на извори блиски до парот пишуваат дека Ивана и Милош планираат да стапат во брак пред раѓањето на нивниот син, но се трудат сите подготовки да ги сокријат од јавноста и сè да остане во најголема тајност.
Инаку, ако се погледнат фотките на Ивана може да се види дека таа неколку месеци наназад гордо позирала со свршеничкиот прстен.
Прочитајте и Девојката на Милош Биковиќ објави фотка со труднички стомак во осмиот месец од бременоста - Актерот ја третира како кралица
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм