Не била родена кога Лазар Ристовски (70) се оженил, но мајка ѝ не се противи на врската: Која е 39 години помладата девојка на актерот?
- Детали
- сабота, 21 октомври 2023
Според српските медиуми, Аница (31) и Лазар (70) се во врска околу една година. На нејзината роденденска фотографија од 2022 година, на која таа е насмеана и среќна, во описот стои и хаштагот #TеСакамЛ.
Откако актерот Лазар Ристовски (70) објави фотографија со својата нова девојка, Аница Лазиќ, јавноста почна на големо да се интересира за младата белграѓанка која му го украде срцето.
Гласините одеа дотаму што некои медиуми пишуваа и дека таа е виновна за разводот на српскиот актер и неговата сопруга Даница, со која беше во брак цели 42 години.
„Вистина е, заедно сме. Но, не би додавал ништо повеќе. Ја запознав Аница долго по разводот, не се разведов поради неа“, изјави Ристовски за Blic.rs, веднаш откако ја објави првата заедничка фотка и со тоа демантираше дека врската ја почнале уште додека тој бил оженет.
Парот неодамна првпат се појави заедно и на настан во Белград.
Според медиумите, тие веќе и живеат заедно во луксузен стан во „Белград на вода“.
Што знаеме за младата девојка на познатиот актер?
Аница е родена на 18 декември 1991 година.
Од друга страна, уште во далечната 1980 година, долго пред Аница да се роди, Лазар се ожени со својата (сега веќе поранешна) сопруга, Даница.
Аница завршила гимназија во Белград.
Таа посетувала и музичко училиште како дете.
https://www.instagram.com/p/CtEV5jps5nm/