Атмосферата во „Белград на вода“, преку објективот на инстаграмџииите

Денски мами воздишки, но навечер „Белград на вода“ има посебна душа, кога ќе се запалат светилките и одеднаш блеснува со сиот свој раскош и убавина. Ви дава чувство на расош во арапски стил покрај брегот на Сава... Сте го посетиле ли?

luksuzluksuz-vo-arapski-stil-pokraj-bregot-na-sava-kako-belgrad-na-voda-stana-omilenoto-mesto-vo-gradot-01.jpg

На десниот брег на реката Сава, на местото кое до пред десетина години беше запуштено и неурбанизирано, денес се наоѓа „Белград на вода“, еден од најубавите и најмодерни делови на српската метропола.

Па, како стана едно од омилените места во градот?

Луксузниот комплекс, во стилот на градбите во Дубаи или Абу Даби, со раскош и елеганција, почна да се гради во 2014 година.

luksuzluksuz-vo-arapski-stil-pokraj-bregot-na-sava-kako-belgrad-na-voda-stana-omilenoto-mesto-vo-gradot-02.jpg

Скоро една деценија подоцна, впечатливата кула и огромниот трговски центар покрај белградската променада, ги привлекуваат не само локалците, туку и туристите од целиот регион.

Тие доаѓаат тука на шопинг, ручек, пијалак, но и само за да се прошетаат и да се фотографираат со необичната градба.

Но, организираат и пикници, возат велоспипеди, едноставно, уживаат во тишината покрај реката.

luksuzluksuz-vo-arapski-stil-pokraj-bregot-na-sava-kako-belgrad-na-voda-stana-omilenoto-mesto-vo-gradot-012.jpg

Белград на вода живее и дење и ноќе.

Дење мами воздишки, па луѓето уживаат додека седат на сонце и пијат кафе покрај Сава или се шетаат покрај брегот.

Но, ова место има посебна душа ноќе, кога ќе се запалат светилките, па одеднаш блеснува со посебна убавина.

luksuzluksuz-vo-arapski-stil-pokraj-bregot-na-sava-kako-belgrad-na-voda-stana-omilenoto-mesto-vo-gradot-03.jpg

„Под ноќните светла, „Белград на вода“ сјае со космополитски дух и динамичен живот“, пишува во видеото кое е објавено на официјалниот Инстаграм профил на „Белград на вода“ (belgradewaterfront).

Посебно се привлечни видеата на кои се гледа како ја осветлуваат Кулата Белград, секојпат кога се случува или се одбележува нешто посебно во земјата: Пречек на Нова Година, шампионска титула на Новак Ѓоковиќ, денот на раѓањето на Никола Тесла, успех на кошаркарите...

Осветлувањето на кулата може да се „изнајми“ и приватно. Па, така, Јелена Карлеуша, на кулата ги испиша своите иницијали, на денот кога ги промовираше своите два последни албума, „Алфа“ и „Омега“.

А вие, дали некогаш сте го посетиле „Белград на вода“?

Погледнете повеќе фотографии и видеа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Србинка со предупредување: „Во Неос Мармарас дете ќе се удавеше пред очите на татко му, заради маска... Колку се безбедни пластичните маски за нуркање? Можеме ли секогаш да бидеме сто ...
Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот... Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем...
Беше во брак со двајца српски пејачи кои беа другари, наследи вила од 750.000 евра: Која е фаталната... Таа ги скара најдобрите пријатели Аца Лукас и Жељко Шашиќ, но и двајцата ги оста...
Убава и префинета - Која е Озгу Каја, актерката што игра во турската серија „Три сестри“? Нејзиниот живот изгледа како од бајките, но зад затворени врати таа е само една ...
Работел на паркинг, сините очи ги наследил од мајка му – Кој е Бурак Челик, турскиот актер што мами ... Како дете имал цел да стане светски модел, а денес има цел да стане светски акте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg