Ана Николиќ тврди дека Раста ја малтретира: „Ми го украде 4-месечното бебе под смртни закани“
- Детали
- сабота, 14 октомври 2023
„Господин Стефан Ѓуриќ Раста, многу близок соработник на Вељко Беливук, човек кој мелел луѓе во машина за месо, ми го украде 4-месечното бебе. Под смртни закани. Првпат во животот кажувам дека се срамам од тоа со кого имам ќерка. Таа ќе го прочита ова. Ама и треба да прочита. Доволно молчев“, вели Ана Николиќ и објави приватна порака што ѝ ја испратил нејзиниот поранешен сопруг.
Српската пејачка Ана Николиќ на својот профил на Инстаграм објави приватна порака што ја добила од својот поранешен сопруг, раперот Стефан Ѓуриќ Раста.
Во пораката од Раста, тој ѝ вели на Ана да престане да му се заканува на неговото семејство, бидејќи ќе ја даде на суд, а случајот ќе се сврти во „занемарување на детето“, кривично дело за кое се оди в затвор.
Ана, пак, во својот коментар прашува дали тоа што ѝ го кажува нејзиниот некогашен сопруг е психичко малтретирање и вели дека отсега ќе го споделува јавно тоа што Раста ѝ го пишува.
Таа додава и дека Раста ѝ ја украл ќерката Тара со „смртни закани“ кога таа имала само 4 месеци.
„Во текот на нашата врска/брак, една сметка за струја не си платила. Ти го реновирав станот и уште е во истата состојба, бидејќи ти си навистина и емоционален и функционален инвалид.
Немаш ниту еден ден работен стаж, секоја турнеја и албум ги помина на лекување и откажуваше само затоа што си мрза.
А сега запамети ме добро, бидејќи ништо во животот нема да ти дадам. По заканите кон моите родители и откако им го испрати оној срамотен клип со Вучиќ, можеме да одиме само на суд.
Само, внимавај случајот да не ти се сврти во ‘занемарување на детето’, а тоа е кривично дело и се оди в затвор.
Престани да се ‘палиш’ веќе. Многу се исплашивме од твоите закани, гледаш и самата. А сега убаво од*би“, стои во пораката од Раста.
На ова Ана вели дека веќе нема да молчи и дека доволно трпела:
„Дали е ова психичка злоупотреба, прашувам? Јас веќе 6 години читам вакви пораки.
И слушам. Но, веќе не ми паѓа на памет.
Господин Стефан Ѓуриќ Раста, многу близок соработник на Вељко Беливук, ми го украде 4-месечното бебе. Под смртни закани.
Мислам дека доволно слушав и трпев психичко злоставување.
Од овој момент ќе читате секој ден за господинот Раста, официјален член на тимот на Вељко Беливук, човек кој мелел луѓе во машина за месо.
Секоја моја солза покрај празното креветче е илјада години самотија за одговорните. И токму тоа им се случи.
Само не знам зошто овој несреќник Раста уште нешто глуми мафија, се заканува. И зошто не доби 100 години затвор?
Кој суд? Кој стан... од детската соба дојде во холивудски стан.
Срам си за машкиот род. Срам си за човечкиот род.
Првпат во животот кажувам дека се срамам со кого имам ќерка!
Таа ќе го прочита ова. Ама и треба да прочита. Доволно молчев“, пишува Ана во коментарот.
Ана и Раста се венчаа тајно во 2016 година, неколку месеци откако се запознале.
Тие ја имаат ќерката Тара, која во август 2023 наполни 6 години.
А. Ј. | Црнобело