Девојката на Милош Биковиќ ги објави првите фотки со труднички стомак – Блеска во 7-иот месец од бременоста
- Детали
- петок, 06 октомври 2023
„Магична си“, „Преубава трудница“ – коментираат дел од следбениците на девојката на Милош Биковиќ на Инстаграм, откако таа ги објави првите фотографии на кои позира со труднички стомак.
Девојката на Милош Биковиќ, Ивана Малиќ објави две фотографии на Инстаграм на кои во преден план е нејзиниот труднички стомак.
Според пишувањата во српските медиуми, убавата правничка веќе е во седмиот месец од бременоста.
Таа и нејзиниот партнер, долго време ги криеја вестите од јавноста, сè додека дел од медиумите не објавија фотографија на која се гледа дека таа е во блажена состојба.
На новите фотки таа позира пред домашната библиотека во долг плетен фустан со тексас јакна и блуза на риги, која ја врзала околу вратот.
„Октомври“ – напиша таа до фотографиите.
Инаку, претходно Милош ги потврди убавите вести и рече дека се пресреќни што ќе станат родители.
Дел од медиумите пишуваат дека актерот подготвува и свадба, но засега нема официјални информации за тоа.
Прочитајте и Една не сакала секс пред брак, со мајка на друга сними секс сцена - Кои се бившите девојки на Милош Биковиќ?
Уште неколку фотографии од Ивана и Милош во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело