„Ти правиш мојот свет да блеска“ - Саша Ковачевиќ со ретки фотки со саканата, по повод нејзиниот роденден
- Детали
- вторник, 12 септември 2023
„Ти правиш мојот свет да блеска 365 дена во годината“ – ѝ порача Саша Ковачевиќ на саканата Зорана Тасовац, откако претходно изјави дека со неа сака да добие дете.
Српскиот пејач Саша Ковачевиќ беше на одмор со својата сакана Зорана Тасовац.
Иако важи за еден од најголемите заводници на поранешните југословенски простори, тој ја користи секоја пригода за на Инстаграм да покаже дека во неговото срце има место само за една жена.
Тој откри дека на егзотичната локација го прославиле роденденот на неговата сакана, па до провокативните фотки на кои позираат заедно напиша:
„Ти правиш мојот свет да блеска 365 дена во годината. Среќен роденден мое сонце“ – напиша тој.
https://www.instagram.com/p/CwscucBt2AG/
Инаку, Саша неодамна даде изјава и откри дека би сакал да добие дете со саканата.
„Планирам здравје боже, да се остварам во улогата на татко, тоа е целта на животот и најубавиот дар од Бога што можеме да го добиеме. Не се водам од тоа кога и што ќе биде, кога Бог ќе каже дека е вистинскиот миг за тоа, тоа ќе се случи и јас ќе бидам најсреќниот човек“ – изјави Саша.
Прочитајте и „Сакам да станам татко, а од Зорана нема подобра жена“: Ретко појавување на Саша Ковачевиќ со девојката која се крие од јавноста
Инаку, неговата партнерка Зорана Тасовац во минатото беше Мис Кикинда и ја претставуваше Србија на Мис Универзум, а зад себе има еден брак и ќерка, со Богдан Срејовиќ, поранешниот партнер на Цеца Ражнатовиќ.
Погледнете уште неколку фотографии од одморот на Саша и Зорана:
Прочитајте и Трипати го оперирал носот, „платил“ 5.000 евра за мускулите: Саша Ковачевиќ во совршено издание на одмор
Б. С. Б. | Црнобело