„Сакам да станам татко, а од Зорана нема подобра жена“: Ретко појавување на Саша Ковачевиќ со девојката која се крие од јавноста
- Детали
- вторник, 16 мај 2023
„Здравје Боже, планирам да се остварам во улога на татко, тоа е целта на животот и најубавиот дар од Бога што можеме да го добиеме. Не размислувам кога ќе биде тоа и што ќе биде, кога Господ ќе каже дека е вистинскиот момент, тогаш и ќе се случи, а јас ќе бидам најсреќниот човек“, рече Саша Ковачевиќ.
фото: Инстаграм
Српскиот пејач Саша Ковачевиќ кој важи за еден од најпосакуваните ергени во Србија, веќе неколку години е во врска со Зорана Тасовац.
Иако на почетокот криеја дека се заедно, а Саша и денес ретко објавува нивни приватни фотографии и не зборува многу за љубовта со Зорана, за „Blic.rs“ сепак откри дека таа е најдобрата девојка што постои, но и дека би сакал да стане татко.
Пејачот Саша Ковачевиќ со девојката Зорана неодамна беше на крштевка кај детето на нивни заеднички пријатели.
Пред ресторанот, тој имаше кратко интервју за српските медиуми, па призна дека би сакал да се оствари во улога на татко.
„Здравје Боже, планирам да се остварам во улога на татко, тоа е целта на животот и најубавиот дар од Бога што можеме да го добиеме.
Не размислувам кога ќе биде тоа и што ќе биде, кога Господ ќе каже дека е вистинскиот момент, тогаш и ќе се случи, а јас ќе бидам најсреќниот човек“, рече Саша.
Саша не крие дека не сака да одговара на прашањата зошто сè уште не се оженил. Но, сепак рече дека има блиски кои повремено го прашуваат кога планира да стапи во брак.
„Претпоставувам дека и тоа е природно, па веќе и не се лутам. На вас останува да решите колкаво значење ќе им дадете на тие муабети и да им дозволите на луѓето да се мешаат во вашата интима.
Ние мажите сме чудни, да се прашуваме ние, цел живот би биле ергени, без оглед дали сме женети или не, тоа е некој ген, нешто што не можеме да го смениме“, рече Саша.
Пејачот откри и дека во врската со Зорана нема љубомора, а тоа ја прави поразлична од сите претходни.
„Навистина нема простор за љубомора, претпоставувам дека изградивме таков однос. Во моите врски генерално постоеше наплив на љубомора во првите шест месеци, една година, а потоа сè стануваше полесно. Во претходните врски тоа ми пречеше, сега со Зоранa не, затоа што се најдовме.
Мислам дека запознав некој кој ми одговара апсолутно по сите параметри. Навистина знам дека не можам да најдам ништо подобро од тоа што го имам во моментов, тоа ви потпишувам“, рече Саша.
https://www.instagram.com/p/Cop4IwnNkjE/
Ковачевиќ во едно интервју претходно кажа дека Зорана е скромна и нормална девојка, која не ги следи денешните модерни трендови и не ја интересира јавниот свет, што многу му се допаѓа кај неа.
Тие ја криеја својата врска првите 7-8 месеци, а Зорана не сака да се експонира во јавноста.
Зорана ја има ќерката Искра, од првиот брак со Богдан Срејовиќ, а Саша обожава да го минува времето со неа.
За ќерката на Зорана, Саша во една прилика рече: „Се однесувам како вистински татко кон неа, во секоја смисла“.
https://www.instagram.com/p/ChkByjAD7vt/
Тој често објавува фотографии со Искра и на секоја од нив се гледа колку се блиски и дека навистина се сакаат.
Прочитајте и Ретки фотки од најзгодниот пар во Србија – Саша Ковачевиќ со романтичен опис за девојката
А. Ј. | Црнобело