Пластична операција на носот, ја обожава ќерката на девојка си: Каде е и што прави Саша Ковачевиќ периодов?

Саша Ковачевиќ во неодамнешното гостување во „Амиџи шоу“ откри интересни детали од своето секојдневие, а на прашањето „Кога свадба“, се пошегува „Од понеделник...“. Тој во свој стил повторно беше вистински кавалер – одмерен, културен и насмеан и истакна дека ќеркичката на неговата девојка, која таа ја има од бракот со Богдан Срејовиќ (бившиот на Цеца), ја сака како своја ќерка.

plastichna-operacija-na-nosot-ja-obozhava-kjerkata-na-devojka-si-kade-e-i-shto-pravi-sasha-kovachevikj-periodov-01.jpg

Саша Ковачевиќ деновиве гостуваше во „Амиџи шоу“ и повторно покажа дека е вистински кавалер и заводник.

Одмерен во зборувањето, постојано насмеан, културен кон дамите од околината и со прекрасна енергија, тој остави навистина добар впечаток, нешто што е веќе добропрепознатливо за него.

plastichna-operacija-na-nosot-ja-obozhava-kjerkata-na-devojka-si-kade-e-i-shto-pravi-sasha-kovachevikj-periodov-05.jpgфото: Инстаграм Амиџи шоу

Испеа многу песни, меѓу кои неколку и со Жељко Самарџиќ, свиреше на гитара и клавијатура, а истакна и дека Жељко е негов идол од детството и би му било задоволство да има заеднички настап со него некогаш.

Саша потврди дека е вљубен, но на прашањето „Кога свадба“, се пошегува - „Од понеделник...“, односно не откри детали за тоа како напредува врската со неговата сакана Зорана Тасовац.

Но, добро е познато дека парот живее заедно, има одличен однос, а Саша и овојпат истакна дека најголемо задоволство во животот му се прегратките и игрите со малата Искра, ќеркичката на Зорана од првиот брак.

Зорана ја има Искра од бракот со Богдан Срејовиќ, неодамнешниот партнер на Цеца Ражнатовиќ.

Саша доби и прашање од фановите „Дали има пластични операции на себе“, на што тој само кусо рече дека не сака повеќе да коментира на темата.

Во 2020-та пејачот имаше корекција на носот, но пред сè поради здравствени проблеми, односно девијација на носната шуплина, по што неговиот нос беше драстично помал.

plastichna-operacija-na-nosot-ja-obozhava-kjerkata-na-devojka-si-kade-e-i-shto-pravi-sasha-kovachevikj-periodov-02.jpgНекогаш

plastichna-operacija-na-nosot-ja-obozhava-kjerkata-na-devojka-si-kade-e-i-shto-pravi-sasha-kovachevikj-periodov-03.jpgСега

Кружат гласини дека има и други зафати на лицето, но пејачот ги негира и не сака да говори на темата.

Саша откри дека е зависник од фитнес тренинзите, дека во неговите спотови и понатаму планира да ги има најубавите девојки, затоа што тоа веќе станало препознатлив знак за него, а призна дека со некои од нив бил и во врска.

Како најубава од сите девојки што се појавиле во неговите спотови ја истакна Јована Швоња.

Прочитајте ја животната приказна на Јована Швоња - Ѝ изгоре 50% од кожата, ја поврзуваа со Саша Ковачевиќ: Бурниот живот на една од најубавите Србинки

Погледнете го целото гостување на Саша Ковачевиќ:

https://www.youtube.com/watch?v=r1S0z1GQBQ4

Неговата најнова песна:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот... Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем...
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...
„Животче мое најубаво“ – Саша Ковачевиќ сподели ретко видео со саканата Зорана и нејзината ќеркичка ... „Секогаш вака да се смееме, среќен роденден путер мој“ – ѝ посака Саша на ќеркич...
Се откажа од ќерката единица и поднесе барање за развод - Семејна драма во домот на член од „Амадеус... „Јавно се откажав од ќерка ми, а потпишав и тестамент во кој целиот свој имот им...
Српска пејачка направи уникатна свадба со црна венчаница и црна торта - се омажи по 4-ти пат Каја се шегува дека кога се мажела во бело не потрајало, па сега се мажи во црно...
Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми пр... „Моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа. Единственото нешто шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg