Ѝ изгоре 50% од кожата, ја поврзуваа со Саша Ковачевиќ: Бурниот живот на една од најубавите Србинки

Од кариера на модел и познати момчиња до гласини за обид за самоубиство и речиси фатална незгода кај извор на термална вода во Сремска Митровица... Која е Јована Ѓорѓевиќ Швоња?

i-izgore-50-od-kozhata-ja-povrzuvaa-so-sasha-kovachevikj-burniot-zhivot-na-edna-od-najubavite-srbinki-01.jpg

Јована Ѓорѓевиќ Швоња, родена 1991 година во Нови Сад, важи за една од најубавите Србинки, а и светските меидуми од типот на магазинот „The Sun“ неретко ја нарекуваат една од најубавите жени на фудбалери.

Таа е во брак со познатиот фудбалер Филип Ѓорѓевиќ и имаат две деца. Заедно се од 2014 година, а Јована патува и живее со него низ светот во зависност од тоа за кој клуб игра Филип.

На својот Инстаграм профил Јована има повеќе од 336.000 следбеници, а со својот изглед постојано мами комплименти.

Но, често е и мета на критики затоа што знае да претера со провокативните изданија, а особено беше осудувана во време на бременостите, кога според некои луѓе се облекуваше несоодветно.

Инаку, Јована се појави во спотот за песната на Саша Ковачевиќ „Како после нас“ во 2011 година и тогаш многу српски медиуми пишуваа дека тие се во врска, но Саша и Јована ниту потврдија, ниту демантираа.

Неколку факти за нејзиниот бурен живот:

На 18 години победила на натпреварувањето за убавина Miss Fashion TV и оттогаш започнува нејзината успешна кариера како модел. Студирала Правен факултет, а татко ѝ негодувал што се занимава со манекенство.

Во јуни 2010 година српските медиуми пишуваа дека Јована се обидела да се самоубие, скокајќи од мост во Нови Сад, а причината била кавга со нејзиното тогашно момче, но подоцна таа ја демантираше приказната и тврдеше дека станува збор за незгода, а не за намерна постапка.

Во 2012 година водела емисија на телевизија Пинк.

Покрај со Саша Ковачевиќ, медиумите ја поврзуваа и со атрактивниот манекен Влада Вуксановиќ.

Во 2012 година таа со свој пријател била на извор на термална вода кај Сремска Митровица и поради невнимателност се лизнала во врела вода со температура од околу 90 степени. Пријателот брзо ја извлекол, но имала 50% оштетување на кожата и ѝ отпаднала косата. Минала 3 седмици во Клиничкиот центар во Нови Сад, по што успешно закрепнала. Фотки од тој период ТУКА.

Во 2014 година се сврши со фудбалерот Филип Ѓорѓевиќ по само 3 месеци врска, неколку месеци подоцна парот се венча со свадбена прослава во еден белградски ресторан, а набрзо се преселија во Рим, поради фудбалските обврски на Филип.

Во 2015 година парот доби ќерка, а во 2017 добија син.

На следната страна повеќе Инстаграм фотки од Јована...



Би можело да ве интересира:

Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот... Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем...
„Животче мое најубаво“ – Саша Ковачевиќ сподели ретко видео со саканата Зорана и нејзината ќеркичка ... „Секогаш вака да се смееме, среќен роденден путер мој“ – ѝ посака Саша на ќеркич...
Србинката критикувана за малиот труднички стомак - се сликаше гола, пa излезе со мини фустанче од бо... „Наскоро отвораме конкурс за најљубоморен коментар на моето тело во 9-тиот месец...
Сопругата на српскиот пејач Дарко Лазиќ критикувана за изгледот - испрати моќен апел со бебето во ра... „Бебенце мое, еве некоја жена кажува дека лошо изгледам. Што мислиш ти? Мислам д...
Хит дедото од Хрватска: „Мажот треба да е 10 години помлад од жената, а не обратно“ „Разликата во години не е добра, а ако има, тогаш мажот треба да биде дури и 10 ...
Девојките го одбегнувале затоа што бил славен, од војната побегнал само со пластична ќеса - Факти за... Долго чекал да ја запознае вистинската личност за него, а кога ја сретнал се вљу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg