Србинката критикувана за малиот труднички стомак - се сликаше гола, пa излезе со мини фустанче од болница по породувањето

„Наскоро отвораме конкурс за најљубоморен коментар за моето тело во 9-тиот месец од бременоста и згодните нозе во краткиот фустан, во кој излегов од болница. Aјде, несреќни жени повелете!“, се огласи сопругата на српскиот пејач Дарко Лазиќ на Инстаграм. 

srbinkata-kritikuvana-za-maliot-trudnichki-stomak-se-slikashe-gola-paizleze-so-minich-po-poroduvanjeto-01.fw.png

Сопругата на српскиот пејач Дарко Лазиќ, Катарина Лазиќ (34), го доби своето прво бебе со саканиот. Тие станаа родители на ќерката Срна, а Дарко прослави со забава со пријателите и роднините.

Ова е трето дете за Дарко, а прво за Катарина.

Катарина излезе од болница облечена во мини фустанче и чизми, а за српскиот магазин Blic изјави:

„Чувството е нереално, денес сум посебно возбудена. Ќерката е копија на татко ѝ.

Одиме дома да се одмориме. Бебето беше мирно, но јас бев возбудена ноќва, не спиев.

Доста е славење, одиме да уживаме“.

srbinkata-kritikuvana-za-maliot-trudnichki-stomak-se-slikashe-gola-paizleze-so-minich-po-poroduvanjeto-02.jpg

Инаку, Дарко го прослави доаѓањето на свет на неговата малечка и со кинење на неколку маици и кошули, српска традиција што некои ја практикуваат и во Македонија по добивање на бебе.

Инаку, во 8-иот месец од бременоста Катарина стана мета на критики откако изјави:

„Јас сум моментално во 8-иот месец од бременоста и досега сум здебелена 3 килограми“.

Но, таа откри дека имала здрава бременост.

Во 9-тиот месец од бременоста позираше гола, прекриена само со златно и напиша:

„Како некогаш можете да кажете нешто негативно за своето тело, откако сте го почувствувале танцот на животот во својот стомак?

Жени, посебни сте, секоја на свој начин, но тоа што е сигурно е дека сте златни и совршени, токму такви какви што сте.

Фотографирајте се бремени и голи затоа што тоа е посебно и единствено и бидете горди на своето тело, затоа што тоа создало уште еден живот.

Ова се нашите последни фотографии од 9-тиот месец, пред Срна да дојде на овој свет“.

srbinkata-kritikuvana-za-maliot-trudnichki-stomak-se-slikashe-gola-paizleze-so-minich-po-poroduvanjeto-02_1.jpg

Таа во текот на бременоста сними и шеговито видео како изгледаат и одат жените во вториот триместар од бременоста, а како во третиот.

Кликнете на видеото за да го видите:

Катарина, изреволтирана од низата негативни коментари за нејзиниот изглед, по породувањето се огласи на Инстаграм Стори:

„Наскоро отвораме конкурс за најљубоморен коментар за моето тело во 9-тиот месец од бремноста и згодните нозе во краткиот фустан, во кој излегов од болница, ајде несреќни жени повелете!

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Милена Радуловиќ: „Ако имав ќерка ќе ѝ кажев - Ако момче те тепа или допира, тоа не е затоа што му с... Милена Радуловиќ, која го обвини за силување својот професор по глума Мирослав М...
Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот... Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....
Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...
Ѕирнете во гардероберот на Џина и Мелина Џиновиќ – Скапи чанти и обетки вредни 11.000 евра Облека, накит и чанти кои чинат неколку стотици илјада евра... Ова може да се ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg