Цеца на романтична вечера со 10 години помладиот дечко во Кипар (фото)
- Детали
- сабота, 09 октомври 2021
Цеца е вљубена и не го крие тоа. Таа сподели видео како ужива во вечера на Кипар заедно со нејзиното 10 години помладо момче Богдан и сестра ѝ Лидија.
Балканската фолк дива Цеца Ражнатовиќ (48) го користи секој слободен миг за да ужива на нејзината вила во Кипар, а таа викендов е таму со нејзиното момче Богдан Срејовиќ (38) и нејзината сестра Лидија.
Цеца во Инстаграм Стори сподели кратко видео од вечерата каде се заедно со Богдан и со сестра ѝ Лидија и им даде можност на нејзините следбеници да видат каква е атмосферата таму.
Богдан, пак, на својот Инстаграм профил објави нивна заедничка фотографија од вечерата.
Цеца и Богдан се заедно од јануари годинава, а во февруари балканската фолк дива за првпат објави нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Инаку, познато е дека Цеца редовно оди на Кипар, каде има сопствена луксузна вила и каде има голем број пријатели. Нејзините деца Вељко и Анастасија го завршија образованието таму.
Б. С. Б. | Црнобело