Јелена Карлеуша повторно го прекрши договорот со Душко Тошиќ: „Тој ми е најголема грешка - поважни му се таблоидите од семејството“
- Детали
- четврток, 07 септември 2023
„Душко Тошиќ покажа дека со него сум направила животна грешка“ – изјави Јелена Карлеуша во едно интервју, иако според договорот, таа не смее јавно да се огласува и да зборува за разводот додека трае процедурата. Нејзиниот поранешен сопруг, потоа, ѝ одговори на социјалните мрежи. Очигледно тензијата и драмата помеѓу нив сè уште трае.
По 11 години пауза, Јелена Карлеуша неодамна објави 2 албума, но српските таблоиди многу повеќе се заинтересирани за случувањата во нејзиниот приватен живот и за разводот со фудбалерот Душко Тошиќ.
Така, таа неодамна одговарајќи на прашање во интервју ги прокоментира и случувањата на приватен план.
Одговарајќи нa прашањето, колку работата на музиката ѝ помогнала да го надмине сето она што ѝ се случуваше на приватен план во изминатите 4 години, таа даде помалку неочекуван одговор:
„Ако мислите на смртта на мојата мајка, таа е мојата отворена рана што не можам да ја излекувам.
Само се научив да живеам со тоа.
Ако мислите на Душко, тој се потруди со сите сили да ми го отежне животот и да покаже каква животна грешка сум направила, а ако мислите на линчот што повремено го доживувам во јавноста, тоа го гледам како голема мотивација и инает“ – изјави Јелена.
Само неколку часа, откако Јелена го нарече Душко нејзина најголема животна грешка, се огласи и поранешниот фудбалер на својот Инстаграм профил, па сподели цитат од Иво Андриќ:
„Кутар е оној што мора некого да понижи за себеси да се воздигне!“
Оваа порака многумина ја протолкуваа како директен одговор на изјавата на Јелена, а очигледно и таа самата тоа го сфати така, па на Инстаграм Стори му одговори:
„Кутар е оној, кому таблоидите му се поважни од семејството“
Разводот меѓу Јелена и Душко долго време привлекува внимание во српската јавност. Така неодамна еден таблоид пишуваше дека фудбалерот целиот имот го препишал на мајка му и на сестра му, по што се огласи Јелена и најави тужби за неточните пишувања.
Прочитајте и Родителите го пратиле во дом бидејќи немале пари, а денес е милионер – Факти за Душко Тошиќ, сопругот на Карлеуша
Парот се раздели минатата година, а како што во јануари годинава информираше адвокатот на Тошиќ, Никола Премовиќ, договорот бил додека траат преговорите околу разводот и поделбата на имотот, ниту еден од нив двајца јавно да не се огласува за парницата.
Тој рече дека во јануари годинава таа го прекршила договорот, така што даде интервју во кое отворено изнесе повеќе детали за разводот и апелираше до неа да не го прави тоа во иднина – но, очигледно, српската пејачка нема намера да ги прифати условите што ѝ се наметнуваат.
Прочитајта и „Имам гардеробер од 250m² и вработена што мора да ја знае цела колекција“ – Јелена Карлеуша го покажа домот во кој се вселија со Душко пред да се разведат
Б. С. Б. | Црнобело