Српски турист згазна на отровна риба во Сарти во Грција: „Болеше како да ми ја сечеа ногата без анестезија“
- Детали
- четврток, 13 јули 2023
„Болката е неподнослива, во истата секунда се шири со тој интензитет што имате чувство дека некој ви ја кине и ви ја сече ногата без анестезија. Јас искрено врескав со цел глас и се виткав од болка“ – раскажува српскиот турист, кој во Сарти во Грција згазнал на отровната риба Дракена.
Сѐ повеќе туристи коишто ја посетуваат Грција се жалат за да тоа дека имале непријатно искуство да ја искусат болката што ја предизвикува убодот од рибата – змеј или Дракена.
Откако претходно една мајка откри како нејзината ќерка згазнала на отровната риба, сега и еден друг српски турист го сподели своето лично искуство на Фејсбук групата, „Live from Greece“.
„Би сакал да споделам со останатите членови една информација. Пред два часа во Сарти во плитката вода, каде што се бањаат и мали деца, почувствував убод (подоцна дознав дека е од отровната риба Дракена (Weever Fish).
Болката е неподнослива, во истата секунда се шири со тој интензитет што имате чувство дека некој ви ја кине и ви ја сече ногата без анестезија.
Јас искрено врескав на цел глас и се виткав од болка.
Дојде лекарот и ми откри дека трик е да ја ставите ногата во леген со вода. Водата треба да биде што е можно потопла, од 40 до 50 степени Целзиусови степени, па нагоре. Затоа што врелата вода го ‘спречува и го неутрализира тој отров’.
Подобро е да се добијат изгореници, само да се неутрализира таа болка и отров. Додека ова го пишувам сѐ уште е присутна болката“ – раскажува Србинот.
Инаку Рибите змејови или како што Грците ги нарекуваат „Дракена“ живеат на дното на морето. Тие најчесто се покриени со песок и тешко можете да ги забележите, заради што се случува луѓето случајно да ги згазнат.
Рибите змејови имаат отров во боцките од горната перка, односно тоа е делот што најчесто останува над песокот и што може да го згазнеме.
Прочитајте и „Во Црна Гора ме касна рибата-змеј што се појави и во Грција - како ногата да ми беше во пламен, ќе се онесвестев од болка“
Б. С. Б. | Црнобело