Стјепан Хаусер си фати нова млада и атрактивна девојка, но стана мета на потсмев на фановите
- Детали
- недела, 18 јуни 2023
„Стануваш евтин со своите романси. Нè интересира твоето виолончело, не твоите жени. Што сакаш да ни продадеш?“ – стои во коментарите на последната фотографија што хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер ја објави со новата девојка.
Популарниот хрватски виолончелист Стјепан Хаусер има нова девојка, Украинката Марија со која споделува фотографии на социјалните мрежи.
На фотките на Инстаграм популарниот музичар и неговата девојка изгледаат среќни и заљубени, но Стјепан засега не зборува јавно за врската со неа.
За Марија се знае дека е Украинка и според нејзиниот Инстаграм профил, таа е инфлуенсер со фокус на нутриционизмот, спортот и убавината.
Иако не е многу активна, последниов период Марија објави неколку романтични фотки со Стјепан од нивното патување во Италија.
Тие беа во Портофино, од каде што објавија заљубени фотки од јахта, со вино и јагоди.
Претходно, парот беше во Рим, каде што Стјепан одржа концерт.
„Романтично“, напиша Хаусер на англиски во описот а фотките со саканата.
И покрај тоа што Хаусер е еден од омилените хрватски музичари, неговиот љубовен живот последниов период предизвикува многу бурни реакции во јавноста, а повеќето од нив се негативни.
Фановите му коментираат дека девојките што ги фаќа се премали за него.
„Стануваш евтин со своите романси. Нè интересира твоето виолончело, не твоите жени. Што сакаш да ни продадеш?“ – стои во коментарите на последната фотографија што Стјепан ја објави со Марија.
Претходно и на фотките од Рим, Стејпан доби критики.
„Евтино однесување на толку талентиран музичар. Штета“, му коментираат фановите.
За потсетување, Стјепан беше дел од популарното дуо 2 Cellos, заедно со Лука Шулиќ. Тие престана да настапуваат заедно во 2022 година, по 11 години заедничка работа и сега имаат соло кариери.
Стјепан беше во љубовна врска со Јелена Розга од 2015 до 2017 година, а откако раскинаа го поврзуваа со светската пијанистка Лола Астанова.
Прочитајте и Хрватскиот заводник Хаусер го бие „лош глас“ дека е женкар по врската со Розга: „Сѐ уште не дошла вистинската“
А. Ј. | Црнобело