Ќерката на Дино Дворник без гаќи и со скриено лице, Ивана Мишковиќ со чуден корсет - Највпечатливите модни изданија на Story Hall of Fame
- Детали
- среда, 07 јуни 2023
Ќерката на Дино Дворник носеше сребрена тоалета со вградена маска, а најпознатата хрватска инфлуенсерка Ивана Мишковиќ се појави во впечатлив фустан со лажен стомак. Кои беа највпечатливите модни изданија на Story Hall of Fame?
Синоќа (06.06) во Загреб на црвениот тепих прошетаа голем број балкански ѕвезди на 10-иот по ред Story Hall of Fame.
Тереза Кесовија, Неда Украден, Божо Вреќо, Ела Дворник, Ивана Мишковиќ, Ацо Пејовиќ, Сека Алексиќ... Ова се само некои од позвучните балкански имиња кои синоќа се појавија на 10-тото издание на настанот што секоја година традиционално се одржува во Хрватска.
Познатите личности на настанот се појавија во гламурозни тоалети, а открија дека за изгледот се подготвувале со месеци наназад.
Меѓу највпечатливите беше хрватската уредничка и инфлуенсерка Ивана Мишковиќ која носеше сина тоалета, со впечатлив дел во боја на кожа, кој наликуваше на разголен стомак.
Ќерката на Дино Дворник, Ела, и годинава се појави во впечатливо издание, па на себе носеше сребрена тоалета со разголен грб и задник и вградена маска на лицето, додека Јелена Розга носеше впечатлив црвен фустан со долг плашт.
Хрватските евровизиски претставници Лет 3, повторно прошетаа во впечатливите шарени фустани.