Ивана Кораб, една од најубавите Србинки, симна 22kg само 3 месеци по породувањето: „Имам уште сало и целулит, но не е лошо“
- Детали
- петок, 15 септември 2023
Една од најубавите Србинки, Ивана Кораб, објави видео од плажа во бикини и покажа дека си ја врати линијата само 3 месеци откако се породи со царски рез.
Манекенката Ивана Кораб, која важи за една од најубавите жени во Србија, на Инстаграм објави видео во кое покажа дека изгледа витко и фит, откако во јуни 2023 го роди второто дете.
Таа откри дека во бременоста качила 22kg, но дека на добар пат да се врати на старата форма од пред да остане бремена.
„Три месеци по второто породување, кога имав +22kg од мојата нормална тежина, ова е моменталната состојба.
Среќна сум што, иако имам уште вишок килограми и целулит и кожа и работи што не сакам да се таму, сепак како за после 3 месеци не е ни лошо.
Смешно ми е кога ќе ми напишат дека го правам ова зошто барам комплименти. Не, баш не сакам некој да ме пофали, баш не сакам убав збор и комплимент.
По тоните хормони, два царски реза, забраната да вежбам, искрено бев загрижена дали ќе успеам да се вратам во форма.
Како што ветив, го споделувам процесот и патот кон старата линија и сето тоа во забавено видео, да не речете после дека сум се фотошопирала“, вели Кораб на Инстаграм.
Ивана, целиот свој живот тренира, па во една пригода откри дека отсекогаш играла тенис, одела на пливање, атлетика, одбојка, а имала и тренинзи во сала, со што го одржува телото во топ форма.