Тажни детали од животот на Мишо Ковач: По трагичната смрт на синот, му се распадна бракот
- Детали
- недела, 03 декември 2023
Трипати се женел, а смртта на неговиот син е трагедијата која го обележала неговиот живот. Иако важи за една од најголемите југословенски ѕвезди, животот на Мишо Ковач бил исполнет со тажни моменти.
Веста дека познатиот музичар Мишо Ковач деновиве бил примен во болница поради покачена температура ја загрижи јавноста.
Неговата ќерка Ивана за хрватските медиуми изјави дека неговата состојба е стабилна.
„Татко ми заврши во Клиничкиот болнички центар во Сплит бидејќи имаше висока температура. Ништо сериозно.
Постарите луѓе кои веќе имаат некакви тешкотии како него треба да одат во болница... Не е исто како кај нас здравите кога ќе кренеме висока температура“, изјави Ивана Ковач за медиумите.
Да потсетиме, на крајот на 2022 година пејачот беше хоспитализиран поради последици од корона вирусот, а потоа беше најавено и негово враќање на сцената.
Во својата децении долга кариера нижел успеси, но на приватен план навистина не му било едноставно.
Има преживеано огромна трагедија, а се женеше 3 пати.
Со првата сопруга Љубица Комадина беше во брак на почетокот на 70-тите.
Со втората сопруга Анита Батурина, некогашна Мис Југославија, беше во брак од 1973 до 1996 година.
Со неа доби две деца, синот Еди и ќерката Ивана.
Тагата и страдањето започнаа кога неговиот син загина како војник во 1992 година.
Мишо и неговата сопруга Анита тврдеа дека сѐ се случило под чудни околности.
Пејачот никогаш во целост не ја раскажал приказната за својот син.
„За разлика од документите што ги добивме, во кои пишуваше дека нашиот син починал од прострелна рана во главата, рана после која можел и да живее, вистинската верзија беше поинаква.
Во тие документи пишуваше дека Еди починал од сепса предизвикана од големо количество бактерии во телото“, изјави своевремено Анита.
Еди седум дена бил во кома и починал во големи болки. Анита и тогаш тврдеше дека сигурно бил дел од некоја политичка игра.
Долги години по оваа трагедија, Мишо беше во депресија, консумирал седативи и често одел на гробишта.
Набрзо потоа неговиот брак со Анита се распадна.
Наводно, пејачот си ги собрал работите и го напуштил семејниот дом.
Анита била известена од познаник дека се качил на траект за Брач со Силвија - неговата следна девојка.
Врската со видовитата Силвија Конте Калви Марковиќ почна да ги полни насловните страници на весниците.
Во Силвија, Мишо пронашол личност која ќе му помогне да си го врати мирот.
Но, ниту таа врска не траеше долго.
На концерт во Загреб во 1998 година ја запозна сегашната сопруга Лидија Пинтариќ.
Многупати во своите интервјуа Мишо истакнуваше дека токму 32 години помладата Лидија му ја вратила волјата за живот и радоста.
С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук