Се породи Ивана Кораб – Една од најубавите Србинки која едвај забремени со ин витро, објави фотки од породилната сала
- Детали
- понеделник, 05 јуни 2023
Манекенката Ивана Кораб, која важи за една од најубавите жени во Србија, роди син, а фотките од породилната сала веднаш ги сподели на Инстаграм. Манекенката ги доби и двете деца со ин витро оплодување.
Српската манекенка Ивана Кораб вторпат стана мајка, откако предвреме, со царски рез, го роди својот втор син.
Ивана брзо по породувањето објави фотки и видео на Инстаграм и се заблагодари на тимот што ѝ помогнал да го роди синот.
„Добредојде мој ангелу.
Ми вели мојата докторка: ‘Ивана легни, смири се дома’... А јас имам да го завршам уште ова и она. Да отидам до галеријата. Матео кука да го носам во раце.
Доаѓам дома и ѝ пишувам на докторката дека имам некакви болки, како силни менструални болки, но не се страшни, ама, ете, да ѝ кажам.
Ми вели: ‘Ајде оди ти во болница па да видиме дали не е страшно. И прати ми снимка од CTG-то’. И ми стигна нова порака од неа: ‘Доаѓам’.
Ау, не требаше да се породам сè уште... Тотално сум неподготвена, ама господинот реши да дојде“ – напиша манекенката.
Ивана никогаш не криела дека има проблеми да остане бремена. Таа години наназад отворено говори за борбата за потомство.
Манекенката првото дете, синот Матео, го доби со ин витро во февруари 2022 година. Таа остана бремена по третиот ин витро обид, откако првите два беа неуспешни.
И со второто дете остана бремена со вонтелесно оплодување, нејзино 4-то ин витро.
Прочитајте и Ивана Кораб, една од најубавите Србинки - првото дете го доби со ин витро, од трет обид, а се обидува и за второ
А. Ј. | Црнобело