Цеца и Јелена Ѓоковиќ со обетки од 11.000 евра - Српските ѕвезди не штедат за накит

Што им е заедничко на Јелена Ѓоковиќ, Цеца Ражнатовиќ, актерката Мирка Васиљевиќ и Џина Џиновиќ? Овие дами не штедат на накит и поседуваат обетки од познат бренд кои чинат и над 11.000 евра.

obetki-od-11-000-evra-za-ceca-i-jelena-gjokovikj-srpskite-dzvezdi-ne-shtedat-za-nakit-01.jpg

Дамите од српската јавна сцена често го привлекуваат вниманието со својот изглед – со облеката и чантите, со шминката и фризурата, но и со накитот што го носат.

И додека едни носат копии на познати брендови, други трошат вистинско богатство за накит и гардероба.

obetki-od-11-000-evra-za-ceca-i-jelena-gjokovikj-srpskite-dzvezdi-ne-shtedat-za-nakit-03_copy.jpg

Меѓу оние што не штедат на накит, а се заљубени во парчињата на брендот „Van Cleef Arpels“, се Цеца Ражнатовиќ, Јелена Ѓоковиќ, Џина - ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и актерката Мирка Васиљевиќ.

Овој накит е препознатлив по формата (дизајнот е во вид на детелина со четири листа), но и по вртоглавата цена која варира зависно од материјалот од кој се изработени парчињата (злато или сребро) и дали се украсени со дијаманти или обични камчиња.

Кои српски дами носат парчиња од овој познат бренд?

Цеца носеше обетки од 11.000 евра и ланче од околу 4.000 евра од познатиот бренд кога отиде во болница во Белград за да го види штотуку родениот внук Крстан.

obetki-od-11-000-evra-za-ceca-i-jelena-gjokovikj-srpskite-dzvezdi-ne-shtedat-za-nakit-06.jpg

Слични обетки носеше и Мирка Васиљевиќ, која е најпозната по улогата во филмот „Mi nismo andjeli“.

Таа избра скапоцени обетки од овој бренд за снимање на новогодишната програма за 2023 година на РТС. Таа е и меѓу првите дами од српската сцена кои платија огромна сума за овој накит, пишува „24 sedam“.

obetki-od-11-000-evra-za-ceca-i-jelena-gjokovikj-srpskite-dzvezdi-ne-shtedat-za-nakit-03.jpg

Накит од популарниот бренд има и инфлуенсерката Џина Џиновиќ, ќерка на популарниот пејач Харис Џиновиќ - таа носи обетки од 10.500 евра.

obetki-od-11-000-evra-za-ceca-i-jelena-gjokovikj-srpskite-dzvezdi-ne-shtedat-za-nakit-04.jpg

Јелена Ѓоковиќ, која е позната по својот минималистички и ненападен стил, на еден од натпреварите на Новак носеше обетки од познатиот бренд, во комбинација со бела блуза.

obetki-od-11-000-evra-za-ceca-i-jelena-gjokovikj-srpskite-dzvezdi-ne-shtedat-za-nakit-02.jpg

Јелена поседува неколку пара обетки од овој бренд.

obetki-od-11-000-evra-za-ceca-i-jelena-gjokovikj-srpskite-dzvezdi-ne-shtedat-za-nakit-02_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
По 25 години љубов, се разведува најубавиот српски политичар Чедо Јовановиќ: „Звучи лудо, но и понат... „Имавме 25 години безусловна љубов, нешто што некои луѓе само го сонуваат, а јас...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg