Анастасија Ражнатовиќ е бремена - очекува девојче со фудбалерот Немања Гудељ

Анастасија Ражнатовиќ веќе 6 месеци речиси комплетно е преселена во Шпанија кај својот сакан, а сега во српските медиуми осамна информацијата дека во септември пејачката ќе се реализира во улогата на мајка.

anastasija-razhnatovikj-ochekuva-dete-so-nemanja-gudelj-vo-4-tiot-mesec-od-bremenosta-e-i-go-otkri-polot-01.jpg

Анастасија Ражнатовиќ (24) веќе една година е во врска со фудбалерот Немања Гудељ, а според сознанијата на српскиот медиум Telegraf.rs таа е бремена и во месец септември ќе се оствари во улогата на мајка.

И покрај тоа што во Србија гради музичка кариера, Анастасија во последните 6 месеци речиси комплетно се пресели во Севиља, Шпанија кај нејзиниот партнер и неговото семејство.

Во Белград доаѓа за снимање и промоција на нејзините нови песни, гостувања во емисии, а не можеше да присуствува на прославата по повод раѓањето на второто дете на нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ, наводно поради тоа што е во процес на чекање на документи.

Според сознанијата на српските медиуми Анастасија е во 4-иот месец од бременоста и чека девојче.

Meѓу првите кои дознале за среќната вест е мајката на Анастасија, Светлана Цеца Ражнатовиќ, а таа во март, кога дознала за среќните вести, веднаш го посетила парот во Шпанија.

Фотографиите кои Анастасија ги објави на 30-ти март, каде со Немања слават една година врска, се всушност првите фотографии од нејзината бременост.

Детали за бременоста на Анастасија и изјава на Цеца на оваа тема ќе има во реалното шоу на Цеца „Ceca show“ во петок во 22 часот на српската телевизија Блиц.

Повеќе фотографии од неа и нејзиниот сакан:

anastasija-razhnatovikj-ochekuva-dete-so-nemanja-gudelj-vo-4-tiot-mesec-od-bremenosta-e-i-go-otkri-polot-05.jpg

anastasija-razhnatovikj-ochekuva-dete-so-nemanja-gudelj-vo-4-tiot-mesec-od-bremenosta-e-i-go-otkri-polot-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
На 86 години, Гркинката Анастасија едреше на даска од Кефалонија до Закинтос (фото) Анастасија од Грција има 86 години, но возраста не ја спречува да се посвети на ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg