„Ги имам качено Монт Еверест, К2 и Анапурна 1, при качувањата носам ранец од околу 20 килограми, но ранците што ги носиме на тие висини каде што има недостаток на кислород, кога со недели сте на минимум неквалитетна храна, кога сте изложени на екстремен студ и на денови неспиење на минусни температури, тежат многу повеќе отколку, кога би ги носеле на некоја од нашите планини“, ни раскажува планинарот Здраво Дејановиќ за своите смели подвизи.