„Првиот напад беше со закани и влечење за коса, а најтрауматично ми беше кога јас се измолзував, син ми се разбудил, почнал да плаче и не сум го слушнала. Во тој момент бившиот сопруг стана и уште пред да се свестам, ме фати за коса и ме нападна“, вели Ирена Димоска од Битола за CRNOBELO.com, мајка на 2 деца, која по 6 години брак одлучила да стави точка на трпењето семејно насилство.