„Мој омилен десерт е 'фореста нера' со пенливо розе“: Интервју со еден од најдобрите слаткари на светот, Федерико Анцелоти
- Детали
- понеделник, 20 ноември 2023
Тој е еден од најдобрите слаткари во светот. Маестро Федерико Анцелоти неодамна ја посети нашата земја и одржа мастерклас кој ги воодушеви сите присутни.
Неспорно е дека е огромна чест да се учи од Анцелоти. Ја имавме честа да поразговараме со него, а во краткиот разговор за CRNOBELO.com тој ни откри кои се најдобрите слатки на светот, што мора да пробате кога сте во Италија како и која е тајната за неговиот успех.
Раскажете ни нешто повеќе за вас приватно – кој е Федерико Анцелоти во слободно време, што сакате да правите кога не правите слатки, во што највеќе уживате?
Федерико секако е неуморен работник. Човек што никогаш не е задоволен, секогаш бара повеќе, нови стимули и нови проекти. Волк самонтик кој сака да ги споделува своите проекти со другите. Вљубеник во морето и едрилиците, ужива во добра музика.
Какво е чувството да се биде еден од најдобрите слаткари во светот? Што ве мотивира постојано да се усовршувате?
Тоа е пред се чувство на одговорност. Колку си повисоко, толку помалку простор има за грешка. Да, стануваш пример за сите, не смееш да згрешиш. Мотивацијата за постојано усовршување ја добивам од секојдневните истражувања. Со тоа постојано се потврдува постигнатиот успех и се стремам кон ново, повисоко ниво.
Која е тајната на вашиот успех?
Никогаш не сум задоволен со постигнатото, постојан учам... за мене да се биде второ место е исто како да си прв од последните...
Кои се петте најубави слатки на светот?
Babà, la foresta nera, il panettone, la Millefoglie, il proofiterol/croquenbush.
А, 5 слатки кој секој мора да ги проба при посета на Италија?
La riccia napoletana, il cannolo siciliano, il tiramisù, la zuppa inglese, la foresta nera.
Дали ги пробувате сите рецепти кои ги подготвувате? Колку сте строги кон себе кога станува збор за идеален вкус?
Да, секогаш пробувам кога готвам, подготвеното го анализирам од сите аспекти. Јас сум перфекционист. Прво десертот го замислувам во главата, го визуелизирам и го замислувам неговиот вкус, обидувајќи се да ги доловам вкусовите и аромите на сите поединечни состојки. Кога реално ќе биде готово треба да биде доволно добро да не се разочарам и да се возбудам.
Кога ви се јаде слатко, што јадете вие и вашето семејство? Со каков пијалак најчесто ги комбинирате?
Фореста Нера во комбинација со пенливо вино Розе.
Како Италијанец, ќе ни ја кажете ли разликата помеѓу сладолед и џелато?
Постои конкретна разлика. Џелато има потопла и покремаста текстура, со свеж вкус. При вкусувањето се чувствуваат квалитетните состојки од кои е направен. Не содржи неприродни емулзии и стабилизатори на вкусот. Има природна боја што произлегува од основните состојки.
Дали сте првпат во Македонија? Какви впечатоци ќе понесете со себe за македонската кујна? Ќе ни дојдете ли повторно?
Првпат сум во Македонија. Вашата кујна е многу интересна и многу ми се допадна. Ми кажаа дека секој што ќе се врати во Скопје потоа сака да остане овде, значи опасно е... но подготвен сум на тој ризик...
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. П. | Црнобело