Уметноста на италијанското слаткарство: Запознајте го маестро Федерико Анцелоти, еден од најдобрите слаткари во светот

ИТА-Оддел за економска соработка при амбасадата на Р.Италија во соработка со Занаетчиската Комора од Скопје и ФЈ кулинарско училиште, во рамки на овогодинешното издание на „Недела на италијанската кујна во светот“, организираат Мастерклас по слаткарство со Маестро Федерико Анцелоти.

umetnosta-na-italijanskoto-slatkarstvo-zapoznajte-go-maestro-federiko-anceloti-eden-od-najdobrite-slatkari-vo-svetot-01.jpg

Мастеркласот ќе се одржи на 14 ноември во хотел Лимак (кат 6, сала Лимра) со почеток во 11.00 часот.

Во 2011 година местро Федерико Анцелоти освојува 1во место на Светкиот Куп по Слаткарство, додека минатата година е добитник на наградата „Prix au Chef Pâtissier“ од Меѓународната Академија за Гастрономија ( Académie Internationale de la Gastronomie) и со тоа е прогласен за еден од 5-тте најдобри слаткари во светот.

Познатиот слаткар и чоколатиер, Федерико Анцелоти, од дете го привлекува светот на слатките, и од рана возраст станува дел од него, растејќи меѓу аромите и вкусовите на фамилијарната слактарница „Dolci e Sensazioni", и подоцна посетувајќи специјализирани академии. По завршување на образованието, посетува специјализирани курсеви во некои од најреномираните школи за слаткарство каде учи од најдобрите предавачи во Италија и странство.

Во 1998 година одлучува повторно да ја активира фамилијарната слаткарница “Dolci e Sensazioni" која ја добива во наследство од родителите во местото Миљанико, комплетно ја реновира и воведува производство на широка лепеза слаткарски производи и чоколадо.

Страста кон чоколадото која Анцелоти не престанува да ја негува и развива, му овозможува да стане експерт во оваа област, главен консултант на некои од најголемите имиња во индустријата на чоколадото и одговорен за Кластерот за какако во рамките на ЕКСПО 2015.

Од 2006 година тој е главен организатор на Форумот за слаткарство на саемот SIGEP во Римини, најважен саем од доменот на слаткарството во Италија.

Исто така, организатор е на италијанскиот Шампионат за слаткарство кој се одржува под покровителство на Престедателот на Италија и е лидер на националниот тим за слаткарство на Италија кога учествува на меѓународни натпревари.

Од 2007 до 2019 година, маестро Федерико Анцелоти е Претседател на Националното Здружение на слаткари на Р.Италија, кои брои повеѓе од 20.000 членови.

Во 2015 година ја објавува книгата “ L'Italia del Gusto". Во 2016 година Анцелоти одлучува да го пресели својот бизнис во центарот на Пескара, прво со брендот “Dolce Passione", а потоа со брендот “Emozioni Italiane". Во 2020 година, на барање на Министерството за Надворешни работи на Италија и ИТА тој е автор на два научни труда посветени на какаото и кафето.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg