Д-р Денис Ал Кхалили, педијатар: „Нелекуваните инфекции може да предизвикаат предвремено породување, доењето е препорачано“

„Ако мајката претходно имала ризична бременост, предвремено породување, скратено грло на матката, абортус, ако се работи за ин-витро оплодување, многу често тоа може да се повтори и во следната бременост“ – вели во интервју за CRNOBELO.com д-р. Денис Ал Кхалили, педијатар и претседател на организацијата „Лулка“.

denis-al-khalili-pedijatar-nelekuvanite-infekcii-mozhe-da-predizvikaat-predvremeno-poroduvanje-bebinjata-rodeni-pred-25-ta-nedela-teshko-prezhivuvaat-01.jpg

Д-р Денис Ал Кхалили (43) e педијатар роден во Скопје, кој студиите и специјализацијата ги завршува во родниот град.

Во изминатите 14 години, тој е претседател на организацијата „Лулка“ - здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца во Скопје, кое има реализирано бројни проекти за поддршка на трудниците, родителите, како и на предвреме родените бебиња и нивните семејства.

denis-al-khalili-pedijatar-nelekuvanite-infekcii-mozhe-da-predizvikaat-predvremeno-poroduvanje-bebinjata-rodeni-pred-25-ta-nedela-teshko-prezhivuvaat-02.jpg

Д-р Денис Ал Кхалили 5 години од својот работен ангажман ги помина како педијатар на Одделот за неонатална интензивна нега на ГАК (2018-2022), каде се бележеа и сè уште се бележат големи успеси во негата на овие најмали и најранливи предвреме родени бебиња.

Д-р Денис веќе 1 година не е дел од неонатолошкиот тим на ГАК, но во интервју за CRNOBELO.com споделува повеќе корисни информации што би можеле да им бидат од корист на сите бремени жени, на оние што размислуваат за бременост, но и на родителите на предвреме родените бебиња.

Тој споделува повеќе корисни информации поврзани со грижата за малите борци, кои уште со самиот почеток на животот треба да се борат за здив, затоа што сѐ уште не им се доволно развиени дишните патишта, но и за тоа кои се препораките што родителите треба да ги знаат кога треба да му помогнат на своето бебе да се избори за животот.

Проследете го интервјуто со д-р Денис Ал Кхалили во целост:

До која недела во бременоста породувањето се смета за предвремено и која е најчестата причина за предвремени породувања во Македонија?

Предвременото породување е секое породување пред навршени 37 недели од бременоста.

Тоа може да биде предизвикано од различни фактори поврзани со здравјето на мајката, со развојот на бебето, но и да биде резултат на надворешни фактори.

Причините се бројни, но современата медицина ги истражува и се труди да ги спречи овие причини преку едукација, информирање и зајакнување на примарната гинекологија и акушерство, кои имаат за цел внимателно да ги детектираат ризичните бремености, да ги следат и лекуваат, или да ги препратат на повисоко ниво.

Како најчести причини за предвремено породување се сметаат прееклампсијата, слабоста на грлото на матката, предвремени контракции, нелекувани инфекции, близначка бременост, бременост после конизација...

Улога имаат и социјалниот статус, пушењето, психичкиот стрес кај мајката, тешката и долготрајна физичка работа во текот на бременоста и слично.

denis-al-khalili-pedijatar-nelekuvanite-infekcii-mozhe-da-predizvikaat-predvremeno-poroduvanje-bebinjata-rodeni-pred-25-ta-nedela-teshko-prezhivuvaat-03.jpg

Кои се главните предизвици со коишто се соочуваат неонатолозите во грижата за предвреме родените бебиња, во споредба со децата што биле носени за време на целиот термин?

Бебињата кои се родени предвреме не се целосно подготвени за живот во надворешната средина.

Најпрво се многу ранливи на надворешната температура, која е многу пониска од телесната температура на мајката во матката. Често недоразвиената кожа е тенка и лесно се оштетува, а белите дробови не се подготвени за ефикасно дишење.

Клучно за зачувување на телесната температура, за заштита од болнички инфекции и за стимулација на лактацијата (млечноста) кај мајката е кенгурирањето веднаш после раѓањето.

Според најновите препораки на Светската здравствена организација од 2022 и 2023, кенгурирањето треба да се спроведе кај сите предвреме родени бебиња уште пред да се стават во инкубатор.

Контактот кожа на кожа по раѓањето за терминските бебиња, родени спонтано и со царски рез, е веќе стандард во цел свет и акушерките сами го прават, без потреба од педијатар/неонатолог, освен во многу ретки случаи.

denis-al-khalili-pedijatar-nelekuvanite-infekcii-mozhe-da-predizvikaat-predvremeno-poroduvanje-bebinjata-rodeni-pred-25-ta-nedela-teshko-prezhivuvaat-06.jpg

Колкави се најмалите предвреме родени бебиња кај кои може да се очекува прилично нормален развој?

Најмалите бебиња кај кои може да се очекува преживување после долготрајно, макотрпно и скапо лекување е некаде од 25-та гестациска недела.

Некои од овие бебиња преживуваат, но подоцна може да имаат развојни потешкотии и проблеми.

Кај оние родени во 27-28 гестациска недела и подоцна, со околу 900 и повеќе грама, се очекува најчесто да имаат и релативно добар понатамошен развој, без никакви или со лесни потешкотии.

denis-al-khalili-pedijatar-nelekuvanite-infekcii-mozhe-da-predizvikaat-predvremeno-poroduvanje-bebinjata-rodeni-pred-25-ta-nedela-teshko-prezhivuvaat-07.jpg

Раскажете ни некоја случка за која сте сметале дека шансите се минимални за пациентот (бебето) да преживее, но сепак се случило спротивното...

Секогаш има такви случаи. Медицинскиот персонал мора да биде храбар и решителен дека прави нешто многу важно и значајно за родителите, за семејството и за општеството.

Не можеме да знаеме кој каков исход од лекувањето и каков развој ќе има.

Но, мораме да дадеме сѐ од себе, за да биде најдобро што може.

Кои се најчестите здравствени компликации што може да се јават кај предвреме родените бебиња и може ли истите да се предвидат додека бебето е во болница и се лекува?

Некои од компликациите се неизбежни и доаѓаат со малата родилна тежина и незрелост.

Повеќето компликации може да се предвидат, превенираат и лекуваат.

Но, за секој дел од лекувањето постојат бројни мерки со кои може да се подобри лекувањето, да се намалат компликациите, да се избегнат или намалат подоцнежните проблеми.

На пример, со навремена ехо дијагностика на срце по раѓањето може да се предвидат голем број циркулаторни проблеми и тие навреме да се лекуваат.

Со употреба на современа опрема за еднократна употреба и современи мерки за превенција на инфекции може драстично да се намали бројот на пациенти со болнички инфекции, да се подобри лекувањето, исходот, да се скрати престојот во болница.

Тука игра голема улога и кенгурирањето кое има многу предности за мајката и бебето. Тоа е евтина мерка која е лесна за спроведување, а има докажани бенефити за бебето и за родителите.

denis-al-khalili-pedijatar-nelekuvanite-infekcii-mozhe-da-predizvikaat-predvremeno-poroduvanje-bebinjata-rodeni-pred-25-ta-nedela-teshko-prezhivuvaat-09.jpg

Дали доењето кај предвреме родените бебиња е дозволено? Каков тип на исхрана се препорачува?

Доењето е дозволено и препорачано. Се смета дека сите потешкотии и компликации на едно предвреме родено бебе со доење/исхрана со мајчино млеко може да се спречат или намалат – ретинопатијата (оштетување на очите и видот), дишењето, проблемите со цревата (NEC), растот во тежина, заштитата од инфекции и борба со инфекциите доколку се појават.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сара Вуков, мајка на предвремено родено бебе: „Разговорите низ прозорчето од инкубаторот ќе ни остан... „Имав ризична бременост со контракции од 20-та недела, а се породив во 32 недела...
Каменка од Богданци има пилатес студио во Лондон: „Тука лесно се отвора мал бизнис, потоа давачките ... „За време на факултетските години почнав да барам функционален начин на вежбање ...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
„Децата од нашата градинка секој ден се надвор, пешачат, играат и на дожд и во кал“: Интервју со Јас... „Во нашата градинка, децата секојдневно поминуваат 3 до 5 часа надвор. Ние верув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg