„На 17 години ме викнаа да играм за Македонија. Во хотел стигнав по полноќ, па ми кажаа дека Џани Алиоски ќе ми биде цимер и ми дадоа картичка од собата. Не влегов, туку чукнав на вратата - Џани бил легнат, па ја отвори вратата поспан. ‘Кој си ти?’ ме праша. ‘За репрезентација сум викнат, ми рекоа да дојдам во оваа соба’. Ништо не ми рече, само ми ја тресна вратата во фаца“, вели Елиф Елмас во интервју за CRNOBELO.com.