Христина Младенов: „Во борбата со неплодност душевната болка е неподнослива, но денес ги имам моите Хана и Тара“

Како изгледа борбата со неплодноста...?

Не е толку тешка самата борба, туку да се соочиш со реалноста дека имаш проблем и зошто баш тебе ти се случува тоа.

hristina-mladenov-vo-borbata-so-neplodnost-dushevnata-bolka-e-nepodnosliva-no-denes-gi-imam-moite-hana-i-tara-05_copy.jpg

Од кој обид беше успешна ин витро постапката? Како изгледаше породувањето?

Фала му на Господ, од прв обид! Породувањето ми помина супер, отидов на рутински преглед со мали болки, но беше ризично да се враќам дома и ме задржаа во болница и по неколку часа на двата образи имав по едно бебе.

hristina-mladenov-vo-borbata-so-neplodnost-dushevnata-bolka-e-nepodnosliva-no-denes-gi-imam-moite-hana-i-tara-06_copy.jpg

hristina-mladenov-vo-borbata-so-neplodnost-dushevnata-bolka-e-nepodnosliva-no-denes-gi-imam-moite-hana-i-tara-07_copy.jpg

Тежок ли е патот кој го изоде? Колку поддршката е клучна во процесот? Дали жените во вакви ситуации имаат доволно поддршка од нивните партнери?

Секако дека е тежок, тоа ќе ме разберат само тие што го поминале или го одат сега тој пат.

Поддршката е најклучна, мојот сопруг беше до мене за секоја една инјекција, преглед, па дури и за најобична крвна слика, трудејќи се да ме држи цело време позитивна.

Многу е важно да имате до вас некој кој нема да ви дозволи да „паднете“ во ниту еден момент.  

Јас сакам да верувам дека сите жени имаат поддршка од своите партнери. Ама да се разбереме и обратно.

hristina-mladenov-vo-borbata-so-neplodnost-dushevnata-bolka-e-nepodnosliva-no-denes-gi-imam-moite-hana-i-tara-02_copy.jpg

Најважниот совет кој го доби во битката со неплодноста е...

Да продолжам да верувам во моето мото, дека „Сè се случува со причина“.

hristina-mladenov-vo-borbata-so-neplodnost-dushevnata-bolka-e-nepodnosliva-no-denes-gi-imam-moite-hana-i-tara-11_copy.jpg

Колку во Македонија се говори јавно на оваа тема? Имаат ли многу брачни парови проблем со неплодноста?

Па, мислам дека не доволно. За жал да, има многу. Од срце им посакувам да ја имаат истата среќа како нас.

Морам да кажам дека имаше многу жени што претпоставија дека Хана и Тара ги добив преку ин витро процес и ми пишаа на Инстаграм уште пред да кажам јавно.

На неколку од нив им помогнав многу со информации што не ги знаеја. Ги охрабрувам сите што поминуваат низ овој пат да ми пишат доколку имаат какво било прашање.

И мене ми помогнале други, затоа што кај нас сè е толку хаотично ако некој не те упати, а најмногу ќе ти помогне оној што ја имал маката... Јас изгубив многу време што на почетокот тргнав сама сè да правам. 

hristina-mladenov-vo-borbata-so-neplodnost-dushevnata-bolka-e-nepodnosliva-no-denes-gi-imam-moite-hana-i-tara-13_copy.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg