Најемотивниот миг на свадба во Скопје: Невеста пушти бели балони кон небото за починатиот татко, со порака дека е сакан

„Само една недела пред свадбата, одбележавме точно 4 години откако почина татко ми и како што наближуваше денот на свадбата, имав некоја празнина и решив дека морам да направам нешто. Одлучив да испратам бели балони кон небото за него. На секој балон на матичното во Градскиот парк во Скопје, беше закачена испечатена порака на која пишуваше ‘Ти си сакан, ти си запомнет, ти ни недостасуваш, со љубов од Моника и Мартин’“, споделува Моника (29) од Скопје за CRNOBELO.com и ни потврдува дека саканите, кои сме ги изгубиле, живеат сè додека е жив споменот за нив.

najemotivniot-mig-na-svadba-vo-skopje-nevesta-pushti-beli-baloni-kon-neboto-za-pochinatiot-tatko-01.jpg

Моника (29) и Мартин (30), двајцата од Скопје, по 7 години во врска, минатата година ја овековечија својата љубов со прекрасна свадбена церемонија во еден скопски локал, а денес (03.09) прославуваат една година од брак.

На тој најубав ден од нејзиниот живот невестата не заборави на една од најсаканите личности во животот, која за жал животот ѝ ја одзеде прерано, а тоа е нејзиниот татко.

Таа ги наежи сите присутни со потегот – организираше пуштање на бели балони кон небото, со порака, на нив, за да му порача дека не е заборавен, дека е сакан и дека страшно ѝ/им недостига.

Потег кој трогнува, потег кој е вистински приказ за тоа како се сака еден родител, потег кој е доказ дека починатите живеат сè додека е жив споменот за нив.

Моника ја споделува својата приказна за CRNOBELO.com:

„Татко ми почина на 27 август 2018-та година, по кратко боледување од кое никој не очекуваше најлош краj. Но, за жал, се случи тоа и во нас остави огромна празнина.

najemotivniot-mig-na-svadba-vo-skopje-nevesta-pushti-beli-baloni-kon-neboto-za-pochinatiot-tatko-17.jpg

Секогаш ме учеше да бидам силна, да не дозволувам никој да ме погазува, да учам од подобрите, но никогаш да не се омаловажувам и да не дозволувам некој друг да ми каже колку вредам.

Од него научив дека животот треба да се живее како што ние сакаме, а не како што некој ќе ни каже, и дека животните искуства ни се најголемото образование, а уште од најмали нозе заедно со мајка ми на мене и на брат ми ни „всадија“ желба за патување.

najemotivniot-mig-na-svadba-vo-skopje-nevesta-pushti-beli-baloni-kon-neboto-za-pochinatiot-tatko-13.jpg

Само една недела пред свадбата, одбележавме точно 4 години откако почина татко ми, но на истиот ден, покрај овој тажен миг, сепак судбината одлучи да имаме и повод за радување, колку и да звучи чудно.

На истиот датум е роден мојот сопруг, па честопати овој ден го поминуваме заедно со семејството, бираме место каде ќе го одбележиме роденденот, но речиси секогаш има и по нешто симболично во спомен на татко ми – неговиот омилен ресторан, храна, вино и слично.

najemotivniot-mig-na-svadba-vo-skopje-nevesta-pushti-beli-baloni-kon-neboto-za-pochinatiot-tatko-06.jpg

Иако поминаа 4 години до свадбата, а сега веќе 5, тој секогаш е присутен во нашите мисли и секогаш го споменуваме за нешто убаво (како што знам дека тој би сакал), но посебно кога доаѓаат моменти за прославување, неговото отсуство е најприсутно.

Па така, како што наближуваше денот на свадбата, имав некоја празнина и решив дека морам да направам нешто со што сите ќе се сетиме на него во тој момент кога најмногу посакував да е со нас.

najemotivniot-mig-na-svadba-vo-skopje-nevesta-pushti-beli-baloni-kon-neboto-za-pochinatiot-tatko-03.jpg

Идејата со пуштање балони кон небото на свадба не е нова и многу парови ја прават, но јас малку ја модифицирав и освен белите балони, одлучив со нив, сите заедно да испратиме порака до татко ми.

najemotivniot-mig-na-svadba-vo-skopje-nevesta-pushti-beli-baloni-kon-neboto-za-pochinatiot-tatko-11.jpg

На секој балон на матичното во Градскиот парк во Скопје, беше закачена испечатена порака на која пишуваше „Ти си сакан, ти си запомнет, ти ни недостасуваш, со љубов од Моника и Мартин“.

najemotivniot-mig-na-svadba-vo-skopje-nevesta-pushti-beli-baloni-kon-neboto-za-pochinatiot-tatko-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg