Мери, мејкап артистка од Охрид: „Македонките прават 3 клучни грешки во шминкањето, за мене оваа работа е уметност“

Имаат ли Македонките талент за шминкање?

Обично кога разговараме со моите клиентки околу таа тема секогаш разговорот се сведува на сакам шминкање, ама посакувам да имав поголем талент за тоа.

Тие ми велат: „Се шминкам едноставно. Пудра, сенка, моливче, римел, руменило и сјај за уста. За излегување навечер гледам да е појака шминката.

Во други случаи во зависност од расположението, ама дефинитивно поубаво се чувствувам кога доаѓам кај професионален шминкер.“

meri-mejkap-artistka-od-ohrid-makedonkite-pravat-3-kluchni-greshki-vo-shminkanjeto-za-mene-ovaa-rabota-e-umetnost-10.jpeg

Топ 3 грешки при шминкање…

Најголем број од жените имаат конкретни навики и начини на кои нанесуваат шминка, како и различни типови на шминкање за различни периоди од денот.

Тоа што е најважно да знаеме кога станува збор за овој „ритуал“ е тоа дека кога ќе се погледнеме во огледало и го воочиме крајниот резултат, треба да се чувствуваме удобно во сопствената кожа.

Но, сепак постојат одредени правила ако сакаме нашата кожа на лицето да изгледа беспрекорно, па затоа избегнувајте ги овие грешки коишто свесно или несвесно најголемиот дел од женската популација ги прават.

Прва грешка и најголем проблем е користење на неквалитетна козметика.

Втора грешка е нанесување на погрешни нијанси на пудра.

Трета грешка е нанесување на руменило на погрешен начин.

meri-mejkap-artistka-od-ohrid-makedonkite-pravat-3-kluchni-greshki-vo-shminkanjeto-za-mene-ovaa-rabota-e-umetnost-05.jpeg

Совет за секоја девојка е…

Немојте никогаш да купувате, а уште помалку да дозволите некој да ве шминка со неквалитетна шминка.

Ова е многу погрешно! Не само што можете да предизвикате иритација на вашата кожа, туку со нејзините бројни токсични и опасни состојки го загрозувате вашето здравјето.

Овие производи се полни се со олово, арсен, бакар, жива, тешки метали, бактерии…

meri-mejkap-artistka-od-ohrid-makedonkite-pravat-3-kluchni-greshki-vo-shminkanjeto-za-mene-ovaa-rabota-e-umetnost-11.jpeg

Дали понекогаш клиентките имаат преголеми очекувања од професионалната шминка и се случува да си одат незадоволни или разочарани?

Досега не ми се случило некој да си оди разочаран или незадоволен, затоа сум и на ова место каде што се наоѓам денес.

Клиентите ми се светост и сè ќе дадам што е во моја моќ за да бидат задоволни.

Како велат добриот глас се шири со голема брзина, а лошиот со брзина на светлината.

meri-mejkap-artistka-od-ohrid-makedonkite-pravat-3-kluchni-greshki-vo-shminkanjeto-za-mene-ovaa-rabota-e-umetnost-13.jpeg

Следиш ли светски трендови во поглед на шминката или се водиш зависно од фацијалните црти на клиентките?

Модата не стои во место и затоа секогаш треба да се следат модните трендови и навреме да се известува за новите модни текови во шминкањето.

Кога почнав да шминкам имав голема желба и љубов, но тоа е само првиот предуслов, понатаму тие два предуслови треба цело време да се потхрануваат со многу работа, следење на светски трендови, инвестирање, креативност и уште повеќе желба и љубов.

Континуирано ги следам сите светски трендови, но најчесто се водам од фацијалните црти на клиентките, бидејќи не на секој му стои иста шминка.

meri-mejkap-artistka-od-ohrid-makedonkite-pravat-3-kluchni-greshki-vo-shminkanjeto-za-mene-ovaa-rabota-e-umetnost-07.jpeg

И светски медиуми од типот на „Dailymail“ објавуваат каква магија со помош на шминка изведуваш … Кое твое дело имало најголем одзив досега? Колку ти годи ова и ти помага за промоција?

Не залудно се рекло дека убавиот глас надалеку се слуша.

Ја имав таа привилегија за мене да пишуваат светски реномирани медиумски куќи како што се: Daily Mail, Cosmopolitan, Bild.de, Glamour Paris, а моите видеа беа прикажани и на неколку телевизии, меѓу кои и турската Tv8.

Моите мејкап трансформации денес се сензација на социјалните мрежи Инстаграм, Фејсбук, а дел од нив станаа вирални.

meri-mejkap-artistka-od-ohrid-makedonkite-pravat-3-kluchni-greshki-vo-shminkanjeto-za-mene-ovaa-rabota-e-umetnost-12.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Д-р Мери Берат, онколог: „Сонцето е една од причините за појава рак на кожа, најголем ризик има кај ... „Хронична изложеност на сонце е директно поврзана со појавата на одреден тип рак...
Ристе Спироски, фотограф од Охрид: „Американци дојдоа за запросување кај нас, девојките мислат дека ... „Во последните две години се почесто фотографирам запросувања. Најчесто партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg