Мери, мејкап артистка од Охрид: „Македонките прават 3 клучни грешки во шминкањето, за мене оваа работа е уметност“

Колку време шминкаш една клиентка?

Половина час до максимум еден час, во зависност од тоа што всушност треба да нашминкам, дали тоа ќе биде само и лице или тонирање и контурирање на цело тело.

Во што е разликата кај шминката за невести?

Невестинска шминка може да се нарече ремек-дело на уметноста во шминкањето.  

Оваа шминка треба да ја почитува хармонијата помеѓу природноста и осветленоста на боите.

Исто така, сложеноста на оваа шминка е дека таа треба да биде совршено приспособена за денот и мора да издржи до вечерните часови.

meri-mejkap-artistka-od-ohrid-makedonkite-pravat-3-kluchni-greshki-vo-shminkanjeto-za-mene-ovaa-rabota-e-umetnost-02.jpeg

Дали жените треба да се шминкаат секој ден?

Шминката може да го зголеми нивото на самодоверба кај жената. За многу жени шминкањето е важен дел од секојдневната рутина и мислата дека некој би можел да ги види без шминка, за нив е застрашувачка.

Над 33% од жените сметаат дека не би го привлекле својот партнер, ако не биле нашминкани кога се запознале.

14% од жените стануваат рано, за да стигнат да се нашминкаат, пред да стане партнерот од спиење.

6 од 10 жени никогаш не одат на работа без да се нашминкани.

meri-mejkap-artistka-od-ohrid-makedonkite-pravat-3-kluchni-greshki-vo-shminkanjeto-za-mene-ovaa-rabota-e-umetnost-003.jpeg

Кој е трендот за шминкање за најлудата ноќ?

Оваа Нова година блеснете со тренди металик шминка на очите. Ваквата шминка дефинитивно ќе изгледа супер во комбинација со гламурозниот стил што ќе го одберете за најлудата ноќ.

Дебели или тенки веѓи?

Полните, густи, разбушавени веѓи се голем тренд во последните неколку сезони.

Суштината е во тоа што тие изгледаат природно и малку неуредно, а како такви ѝ даваат карактер и израз на секоја личност.

Дали ти е тешко да се нашминкаш сама?

Шминкањето ми претставува задоволство и воопшто не ми е тешко да се шминкам сама.

meri-mejkap-artistka-od-ohrid-makedonkite-pravat-3-kluchni-greshki-vo-shminkanjeto-za-mene-ovaa-rabota-e-umetnost-001.jpeg

Што си посакуваш на поле кариера за 10 години отсега?

Кога ќе размислам подобро, последниот кармин од несесерот со шминки секогаш го трошиме најбрзо, исто како што од раце ги испуштаме најлесно последните шанси, последните години или моменти од нашиот живот.

Овие десет години поминаа многу бргу, но секогаш имам на памет дека патот до местото каде што може да се купи нов кармин, иако можеби е долг и напорен, ќе се трудам да го изодам, бидејќи секој може да стекне кондиција, секој може да се движи, ако нема сила, може да ползи, но никогаш не смее да застане на патот и да тапка во место.

Во однос на моите идни планови можам да кажам дека ќе продолжам да се подобрувам и да овозможувам услуги на што е можно повисоко ниво. Ќе се залагам да ги задоволам стандардите на најдобрите шминкери во светски рамки.

Мојот досегашен успех е резултат на стручност, иновации искреност кон своите клиенти, самокритичност и стабилна платформа за понатамошен развој.

Ќе продолжам во досегашен дух со постојано воведување на иновации во полето на шминката, надоградувајќи ги своите познавања.

meri-mejkap-artistka-od-ohrid-makedonkite-pravat-3-kluchni-greshki-vo-shminkanjeto-za-mene-ovaa-rabota-e-umetnost-002.jpeg

Неодамна доби награда, колку ти значат овие признанија?

Токму така на четвртиот „U&Z Influencer Awards“, што се одржа на 12 декември во „Ederra Rooftop“, во организација на специјализираниот магазин за жени „Убавина и здравје“ ја имав таа чест да добијам награда за „Makeup influencer Award“ за 2022 година.

Ова награда ми претставува голема чест и поттик за понатамошен успех и исто така оваа награда ја посветив на мојата сограѓанка Маја Миа, која прерано замина од овој свет, а ми беше голема поддршка во моите почетоци. Се надевам дека е на подобро место.

meri-mejkap-artistka-od-ohrid-makedonkite-pravat-3-kluchni-greshki-vo-shminkanjeto-za-mene-ovaa-rabota-e-umetnost-15.jpeg

Повеќе фотографии од Мери и нејзините дела:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Д-р Мери Берат, онколог: „Сонцето е една од причините за појава рак на кожа, најголем ризик има кај ... „Хронична изложеност на сонце е директно поврзана со појавата на одреден тип рак...
Ристе Спироски, фотограф од Охрид: „Американци дојдоа за запросување кај нас, девојките мислат дека ... „Во последните две години се почесто фотографирам запросувања. Најчесто партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg