Горан Митров, струмичанец со префинет моден стил: „Пасија ми се чевлите, а оделата ми се заштитен знак“

„Најдобро се чувствувам во црно одело и бела кошула, но сакам и авнгарда. Би сакал да можам да се сместам во еден стил ама малку е тешко. Едно е сигурно, не сум минималист. Ги сакам деталите“, споделува Горан Митров (37) од Струмица за CRNOBELO.com за својот впечатлив моден стил.

goran-mitrov-strumichanec-so-prefinet-moden-stil-pasija-mi-se-chevlite-a-odelata-mi-se-prepoznatliv-znak-01.jpg

Горан Митров (37) од Струмица, генерален директор на хидротермален медицински центар Цар Самуил во Струмица и бренд менаџер во Елена Лука, е маж со навистина впечатлив и префинет стил, на кој слабост му се оделата.

Внимава на деталите, вљубеник е во класиката, но кога пригодата го дозволува тоа обожава и авангардни стајлинзи, oд кои прикачува фотки на својот Инстаграм профил.

goran-mitrov-strumichanec-so-prefinet-moden-stil-pasija-mi-se-chevlite-a-odelata-mi-se-prepoznatliv-znak-03.jpg

Горан за CRNOBELO.com ги споделува тајните на неговиот моден стил:

Како би го опишал твојот моден стил? 

Би сакал да можам да се сместам во еден стил, ама малку е тешко. Едно е сигурно, не сум минималист. Ги сакам деталите.

Да речеме дека се движам некаде помеѓу класика за на работа и авангарда на места што тоа го заслужуваат. 

goran-mitrov-strumichanec-so-prefinet-moden-stil-pasija-mi-se-chevlite-a-odelata-mi-se-prepoznatliv-znak-001.jpg

Колку стајлинзите се твој начин за да оставиш впечаток?

Никогаш не сум се трудел да оставам впечаток. Од друга страна сум свесен за својата појава и енергијата што ја носам со себе. 

goran-mitrov-strumichanec-so-prefinet-moden-stil-pasija-mi-se-chevlite-a-odelata-mi-se-prepoznatliv-znak-10.jpg

Сакаш ли кога си забележан и кога луѓето се вртат по тебе?

Па, не дека нешто посебно тоа ми го крева егото, дефинитивно не. Ама ми ја милува самодовербата, исто како наивен флерт.

Всушност многу е битно кој тоа тука се „врти“. Јас во принцип никогаш не сум знаел како соодветно да реагирам на пофалби и комплименти . 

goran-mitrov-strumichanec-so-prefinet-moden-stil-pasija-mi-se-chevlite-a-odelata-mi-se-prepoznatliv-znak-04.jpg

Кои ти се омилените модни парчиња?

Дефинитивно чевли. Таа пасија не се споредува со ниедна друга.

goran-mitrov-strumichanec-so-prefinet-moden-stil-pasija-mi-se-chevlite-a-odelata-mi-se-prepoznatliv-znak-02.jpg

Кои ти се најекстравагантните обувки кои ги поседуваш?

Tешко ми е да издвојам навистина. Имам еден пар чевли што се посебно интересни, особено поради начинот на кој настанаа.

Ме удри автомобил и чевлите беа да не речам уништени. Барав начин да ги оживеам и тимот на Елена Лука врз нив изработи еден перфектно добар рачно направен цртеж со многу детали.

Имам и од други брендови неколку навистина уникатни парчиња, изработени специјално за мене.

goran-mitrov-strumichanec-so-prefinet-moden-stil-pasija-mi-se-chevlite-a-odelata-mi-se-prepoznatliv-znak-11.jpg

Трошиш ли многу пари на гардероба? Кое ти е најскапото парче што го поседуваш? 

Чашата е или половина полна или половна празна, сè е тоа индивидуално. „Многу“ за секој има различна вредност. 

Јас често знам да кажам дека животот е краток и дека човек треба да прави сè што му прави ќеиф и може да си го дозволи.

goran-mitrov-strumichanec-so-prefinet-moden-stil-pasija-mi-se-chevlite-a-odelata-mi-se-prepoznatliv-znak-08.jpg

Имаш ли огромен гардеробер? Успеваш ли да ја сместиш целата облека? 

Многу сум педантен во однос на гардеробата и секое парче си има свое соодветно место. 

goran-mitrov-strumichanec-so-prefinet-moden-stil-pasija-mi-se-chevlite-a-odelata-mi-se-prepoznatliv-znak-07.jpg

Позната личност, наша или светска, со најдобар моден стил...

Том Форд. И тоа што го прави и тоа што го носи мене лично ми се допаѓа. Кај нас такво нешто не постои. 

goran-mitrov-strumichanec-so-prefinet-moden-stil-pasija-mi-se-chevlite-a-odelata-mi-se-prepoznatliv-znak-06.jpg

Колку стилот на облекување е дел од твојот идентитет?

Во голема мера е. За мене аутфитот секогаш бил тесно поврзан со тоа како се чувствувам во моментот.

И никогаш не било исфорсирано дека мора да се движам во некој правец. Едноставно тој сум јас.

Најдобро се чувствувам во црно одело и бела кошула. 

goran-mitrov-strumichanec-so-prefinet-moden-stil-pasija-mi-se-chevlite-a-odelata-mi-se-prepoznatliv-znak-05.jpg

Колку Македонците се доброоблечен народ според тебе? 

Ќе поентирам со една поговорка, која вика вака: „Ако си најпаметниот човек во собата, веројатно си во погрешна соба”. Исто е и со модата. Заклучете сами.

goran-mitrov-strumichanec-so-prefinet-moden-stil-pasija-mi-se-chevlite-a-odelata-mi-se-prepoznatliv-znak-09.jpg

На следната страна повеќе фотографии од стајлинзите на Горан...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Љубовната приказна на Светлана и Мики Црнокрак: „Паднав врз Мики на писта, тоа беше почеток на нашат... „Утрото на свадбата, Мики си се спремил, се дотерал, изнајмил трубачи и како на ...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Ненад Ѓорѓиевски за татковството: „Близнаците се родени предвреме, додека беа во инкубатор знаев дек... „Се трудам да ги научам близнаците да бидат добри луѓе, но не е лесно да се спра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg