Професор од Гостивар го освои највисокиот балкански врв во Бугарија: „Ниту лошото време не ме спречи да продолжам со подвигот“

„Имаше прогнози за електрични празнења и врнежи, но тоа не ме поколеба. При искачувањето на врвот немавме проблеми, но при симнувањето започна силен дожд“ – вели за CRNOBELO.com Дарко Оносимоски кој го развеа македонското знаме на највисокиот врв на Балканот, Мусала, на планината Рила, во Бугарија.

profesor-od-gostivar-go-osvoi-najvisokiot-balkanski-vrv-vo-bugarija-nitu-loshoto-vreme-ne-me-sprechi-da-prodolzham-so-podvigot-01.jpg

Дарко Оносимоски (44) од Гостивар, успеа да го искачи највисокиот планински врв на Балканот, Мусала 2.925 м.н.в. што се наоѓа на планината Рила, во Бугарија.

Дарко е дипломиран Етнолог и дипломиран професор по Географија и работи како професор во основно и средно училиште во Гостивар, кој слободното време го поминува во искачување на планински врвови, а во интервју за CRNOBELO.com откри повеќе детали за себеси, но и за тоа како изгледал подвигот за искачување на највисокиот балкански врв.

profesor-od-gostivar-go-osvoi-najvisokiot-balkanski-vrv-vo-bugarija-nitu-loshoto-vreme-ne-me-sprechi-da-prodolzham-so-podvigot-02.jpg

Колку врвови сте искачиле досега?

Со оглед на тоа дека безмалку секој викенд сум активен на некоја планина, немам точна евиденција за вкупниот број на искачени врвови до сега, но сите повисоки врвови во нашата земја ги имам искачено по неколку пати  (како на пример: Голем Кораб, Титов Врв, Крчин, Дешат, Стогово, Веливар, Магаро, Солунска Глава, Пелистер, Руен ...)

profesor-od-gostivar-go-osvoi-najvisokiot-balkanski-vrv-vo-bugarija-nitu-loshoto-vreme-ne-me-sprechi-da-prodolzham-so-podvigot-03.jpg

Одмор на плажа или искачување планински врвови – што би избрале и зошто?

По карактер сум доста темперанментен, повеќе преферирам искачување на планински врвови, веројатно причината е поради мојот карактер и темпераменотот.

Ги сакам активните планински авантури за разлика од одмор поминат пасивно со изложување на сонце, постојано на иста плажа. 

profesor-od-gostivar-go-osvoi-najvisokiot-balkanski-vrv-vo-bugarija-nitu-loshoto-vreme-ne-me-sprechi-da-prodolzham-so-podvigot-04.jpeg

Колку време се подготвувавте за искачување на највисокиот врв на Балканот и како изгледаа подготовките?

Немав некоја посебна подготовка за искачувањето на највиоскиот врв на Балканот, поради тоа што секој викенд сум активен на македонските планини... и не ми преставуваше особена тешкотија да го искачам највисокиот врв на Балканот.

Дури во текот на четири дневните активности на планината Рила освен врвот Мусала успеав да ги искачам и некои повисоки врвови како што се Маљовица (2.730 м.н.в.), Иван Вазов (2.560 м.н.в.), Рилец (2.713 м.н.в.) итн.

profesor-od-gostivar-go-osvoi-najvisokiot-balkanski-vrv-vo-bugarija-nitu-loshoto-vreme-ne-me-sprechi-da-prodolzham-so-podvigot-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Кристина од Скопје чува британски кратковлакнест мачор: „Оваа раса е одлична со деца, се продаваат п... „Кога моите близнаци беа мали, спиеше на ќош на кревет за едната шепа да му е во...
Успешни мајка и ќерка: Катарина има врвни тениски успеси, а мајка ѝ Слаѓана е жена претприемач „Мојата мајка е столбот кој стои зад секој мој успех. Таа секогаш се грижеше да ...
Успешни Македонци низ светот: Лорета и Петре Стојановски 45 години имаат свој ресторан во Англија „Работиме напорно, но горди сме што имаме да им оставиме нешто на децата“ – вели...
Дарко Коцев (29) е гајдаџија во Германија: „Свирам на свадби и веселби, заработката е солидна“ „Ги свирам сите македонски народни инструменти, но сепак, во Македонија сум преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg